Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Семинар
1 октомври 2016 година

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Биогас постројки, кој ќе се организира на 1 октомври 2016 година.

Видови на биомаса, содржина и достапност во Македонија, инвестиции во биогас системи и компоненти, модулирани биодигестори, складирање на биогасот и/или производство на електрична и топлинска енергија се дел од темите презентирани од релевантни експерти.




Теми кои ќе се обработат на семинарот

  • Видови на биомаса, содржина и достапност
  • Намалување на трошоците за потрошувачка
  • Субвенции
  • Периоди на амортизација
  • Биогас системи и компоненти, карактеристики
  • Биодигестори
  • Биохемиски процеси, ферментација
  • Складирање на супстратот
  • Ферментатори
  • Складирање на биогасот
  • Биогас мотори
  • Употреба на отпадната топлина
  • Големина на котелот и турбината
  • Пресметка на потрошувачката на енергија
  • Пресметка за ефикасност на трошоците
  • Инвестиции

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 1 октомври 2016 година (сабота) од 10.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels