Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Семинар
3 септември 2016 година

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, во конзорциум со пет интернационални партнери за проектот на EBRD (Европска банка за обнова и развој) Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus), ги повикува учесниците на настанот и особено презентерите на проектите за приклучување и соработка со Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој за реализација на проектните активности.

ПРИЈАВА за соработник



Согласно проценките на EBRD за инвестицискиот потенцијал за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор во земјите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, планиран е грант-буџет од 11 милиони евра за техничка поддршка на засегнатите страни и подобрување на легислативата.

Проектот овозможува техничка поддршка за банки, добавувачи и монтажери на ЕЕ опрема. Проектирањето, замената и монтажата на енергетски ефикасни котили и оптимизацијата на процесната топлина се дел од приоритетните проекти кои ќе се финансираат.

 

Цели на настанот

За учество се покануваат сите заинтересирани потенцијални учесници во проектите поддржани од постоечки финансиски продукти и REEP Plus програмата (банки, добавувачи и монтажери) и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail info@sbch.org.mk

Теми кои ќе се обработат на семинарот

  • проток на енергија во системот и видови гориво
  • утврдување на трошоци за енергија во процесите - класични и алтернативни горива
  • споредба на различни видови котли
  • проектирање целокупнoст на системот, интеракција меѓу компонентите и цената
  • оптимизација на производните загуби (сушење, рекуперација, топлинска пумпа)
  • систем на пареа

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на  3 септември 2016 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје.

 

Промоција на финансиска поддршка, опрема и проекти

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901 e-mail info@sbch.org.mk


Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk     

  • No labels