Skip to end of metadata
Go to start of metadata

По барање на EU Consortium, во координација со EUREM MK и Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, ги повикуваме заинтересираните експерти и правни субјекти за учество на тендер за енергетски аудит за компанија во Белорусија.

Голема компанија од текстилната индустрија
во Белорусија побарува енергетски аудит/енергетски консалтинг

Повеќе детали за компанијата >>

Заинтересираните можат да го контактираат Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развојна e-mail или на телефон 070/271-901,

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој повикува за поддршка на иницијативата и учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и енергетска ефикасност.

Повеќе информации за Националниот конзоциум >>

Пријава за соработник

Соработката со Националниот конзорциум заинтересираните можат да ја остварат како придружни членови или како подизведувачи на проектите.

Придружните членови на Националниот конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност - членство во Здружението EUREM MK - сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект-менаџер - препорачана програма на www.eurem.net или сродна. 

Подизведувачите на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Активностите за тековните проекти на Националниот конзорциум подизведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на мал бизнис.

ПРИЈАВА за соработник

Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk     

  • No labels