Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Согласно проценките на EBRD за инвестицискиот потенцијал за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор во земјите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, планиран е грант-буџет од 11 милиони евра за техничка поддршка на засегнатите страни и подобрување на легислативата поделен во три компоненти:

  • техничка поддршка за банки, добавувачи/монтажери на ЕЕ опрема
  • пристапување до ЕЕ проектите за Заедници на станари и други организации за управување со станбени комплекси
  • подобрување на ЕЕ легислативата

 

 

Организаторот EUREM MK Здружение за енергетска ефикасност при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија повикува на учество со презентација на проекти и проектни идеи за енергетски ефикасни објект во рамките на Македонскиот енегергетски ден 2016 година.

Настанот ќе се одржи на 24 јуни 2016 година во Скопје. 

Пријавување презентација

Пријавувањето на проектните идеи се врши до 10 јуни 2016 година, со пополнување на пријава.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проекти и проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

За најдобрите проектни идеи...

За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на обуките EUREM.

Најдобрите проектни решенија и реализирани енергетски ефикасни објекти се поканети за учество на претстојната 7-ма Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во октомври 2016 година во Берлин, Германија.

Овој семинар еднаш годишно се реализира од 2008 година, а од 2010 година под името Macedonian Energy Efficiency Networking Day.

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, во конзорциум со пет интернационални партнери за проектот на EBRD (Европска банка за обнова и развој) Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus), ги повикува учесниците на настанот и особено презентерите на проектите за приклучување и соработка со Националниот конзорциум за енергетска еФикаснсот и одржлив развој за реализација на проектните активности.

пријава за соработник >>

Содржина на проектите

Проектите треба да се однесуваат за новоградби или реконструкции - интервенциии на постојни градби и употреба на иновативни енергетски ефикасни материјали и техники на градба.

Содржински, презентациите треба да се предложат во една или повеќе од следните категории:

  • топлински барања - енергетски биланс на објект
  • градба во согласност со регулативи за заштеда на енергија
  • енергетски пасош
  • енергетски ефикасно реновирање на објект
  • енергетски ефикасна градба - нискоенергетски и пасивни објекти
  • енергетски ефикасни материјали за градба
  • енергетски ефикасен аудит

Форматот на PPT презентацијата (10 слајда, максимум 15 минути) е дадена тука.

Пријавување учество како публика

Пријавување учество како публика на Македонскиот eнергетски ден 2015 - 18 јуни 2016 година се врши со пополнување на оваа пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“).

Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.

Дел од мрежата на настани EUSEW 2016 Energy Days

Македонскиот енергетски ден е дел од мрежата на настани  EUSEW 2016 Energy Days, организирани под мотото Building the energy union together. EUSEW - European Sustainable Energy Week e иницијатива на Европската Комисија.

 

Примери на реализирани енергетски концепти

Повеќе примери за реализираните енергетски концепти, кои значат директна придобивка за учесникот и за компанијата што ја претставува, можат да се погледнат на оваа страница.

 

 

 

Настанот ќе се одржи на 24 јуни 2016 година во Скопје. 

 

Пријава и контакт

Вредноста на котизација за учество е дадена во пријавата.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство / проектна идеја со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

  • No labels