Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Практична менторска обука
14 мај и 4 јуни 2016 година

Центарот за финансирање и менторска поддршка, на иницијатива на EUREM MK, организира иницирачка практична менторска обука со реални изведбени проекти за енергетска ефикасност од учесниците.



Центарот за финансирање и менторска поддршка претставува групација во рамките на Стопанската комора на мал бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.

Пријавување учество

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници, особено доколку имаат подготвени технички - изведбени проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, но сеуште немаат пресметано ефикасност на трошоците, односно подготвено економска анализа на проектот.

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.


ПРИЈАВА за учество 


Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

Теми кои ќе се обработат на семинарот

главен предавач: Владимир Матевски

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа со цел да се утврдат комерцијално економските предности.

Комерцијално економската корист е само еден критериум меѓу другите важни стандарди, како што се компатибилност со животната средина, национално економска евалуација или безбедност на снабдувањето. Затоа, вторите критериуми мора да влијаат на одлуката, во случај неколку инвестициски алтернативи да водат до еднакво комерцијално остварливи мерки.

Основни влезни податоци 

  • Чинење / листа на трошоци за инвестициски проекти
  • Пресметување камата, капитални трошоци, пресметка на ануитет
  • Енергетски тарифи
  • Нафта за греење, гас, електрична енергија
  • Цени на ефикасноста, цени на работењето
  • Трошоци поврзани со потрошувачката
  • Трошоци поврзани со работата
  • Трошоци за одржување
  • Трошоци за вработените

Статус-кво анализа

  • Соберете податоци
  • Пресметка на специфичните трошоци за апликацијата
    -  Компоненти на фиксната цена
    - Компонентни на варијабилните трошоци

Методи на економска анализа

  • Статички постапки
    - компаративна анализа на трошоци
    - анализа на профитабилноста
    - анализа на амортизација
  • Динамички процедури
    - метод на капитална вредност
    - метод на внатрешна кматна стапка
    - метод на ануитет

Фактори на трошоци

  • Капитални трошоци - трошоци за рефинансирање на инвестициите
  • Трошоци на потрошувачка
  • Оперативни трошоци

Еквивалент на цената на енергијата

Опции за оптимизација

  • Компаративна анализа на ефикасност на трошоците
  • Пресметка на периодите на амортизација
  • Евалуација на резултатите од студија на случај:
    - Вкупен потенцијал за заштеда
    - Ефикасност на трошоците, период на амортизација
    - Анализа на сензитивноста

Практични примени

Пресметка на ефикасноста на трошоците на различни примери:

  • клима уреди
  • електрични уреди
  • ладење (замрзнување)
  • обновување (рекуперација) на топлина
  • технологија за осветлување
  • предлог-проекти од учесниците на обуката

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 14 мај и 4 јуни 2016 година (сабота) во 10.00 часот, во Скопје.

Пријава за соработник

Соработката со Центарот за финансирање и менторска поддршка заинтересираните можат да ја остварат како придружни членови или како подизведувачи на проектите.

Придружните членови на Центарот за финансирање и менторство се правни субјекти и се членови на Стопанската комора на мал бизнис. Примањето нови членови во Центарот е со консензус на основачките членови + мнозинство од придружните членови.

Подизведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Подизведувачите може да бидат правни субјекти или поединци. Активностите за тековните проекти на Центарот подизведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Стопанската комора на мал бизнис.

ПРИЈАВА за соработник

 

Центар за финансирање и менторска поддршка

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

  • No labels