Skip to end of metadata
Go to start of metadata


24 и 25 октомври 2016 година, Берлин

краен рок за пријавување: 30 април 2016 година

 

 

На 24 и 25 октомври 2016 година (понеделник и вторник) Асоцијацијата на германски стопански комори (DIHK) и Интернационалниот ЕУРЕМ конзорциум ја организира VII Интернационална конференција на европски енергетски менаџери. После конференциите одржани во Нирнберг, Виена и Прага, овојпат местото на настанот е во „куќата на германската економија” Берлин (DIHK).

Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK повикува

Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK ги повикува сите тренери и сертифицирани учесници на обуката EUREM во Македонија, како и учесниците на тековната група и пријавените за учество во новата априлска тренинг-група на EUREM, да пријават интерес за учество на претстојната VII Интернационална конференција на европски енергетски менаџери во Берлин.


Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој поддржува спонзорство на заинтересирани македонски организации и претпријатија за активно учество и промоција или учество како публика на претстојната конференција.


Конференцијата ќе има вкупно девет работилници

 - Осветлување

- Компримиран воздух

- (Само)напојување

- Енергетски менаџмент, ISO 50001

- Управување со оптоварувањето

- Возен парк/Управување со мобилност и логистика

- Греен IT

- Когенерација

- Технологии за вентилација

- Технологии за ладење

- Процесна топлина/Обновување на отпадна топлина

Организација на работилниците

Секоја работилница започнува со кратко претставување (т.н. импулс-говор), кој го реализира EUREM тренер и два описи на мерки за енергетска ефикасност, кои ги реализираат претставници на EUREM Алумни. Предавачите - учесници на EUREM конференцијата може да учествуваат ослободени од котизацијата. Патните трошоци не можат да бидат преземени од организаторот.

Како да се учествува?

- Тренерите од EUREM MK може да учествуваат како мотивациски говорници

- EUREM сертифицираните од EUREM MK можат да учествуваат како мотивациски говорници или со приложување на проект енергетски концепт

- Тековните учесници на EUREM обуката и пријавените во новата априлска EUREM група може да учествуваат со приложување на проект енергетски концепт

- Заинтересираните организации и претпријатија можат да пријават спонзорство и промоција или учество како публика

 

Краен рок за пријавување: до 30 април 2016 година

пријавите и номинациите испраќајте ги на: info@sbch.org.mk

 


English translation

 

7th International Conference for European Energy Managers - Berlin, Germany

On Monday/Tuesday, 24th/25th October 2016 the Association of German Chambers of Commerce and Industry (DIHK) and the International EUREM Consortium organize the 7th International Conference for European EnergyManagers. After the last conferences in Nuremberg, Vienna and Prague, the venue this time is going to be the “House of the German Economy” in Berlin (DIHK).

The conference is going to have 9 workshops in total

The workshop topics could be like the following:

- Lighting

- Compressed air

- (Power)self supply

- Energymanagement, e.g. ISO 50001

- Load management

- Vehicle fleet - Mobility management

- Green IT

- Combined Heat and Power (CHP)

- Ventilation technologies

- Cooling technologies

- Process heat | Heat recovery

- Energy Efficient Buildings

Workshops' Organization

In each workshop there is a short introduction (impulse speach), done by an EUREM trainer, and two desctriptions of energy efficiency measures, done by EUREM alumni. As an incentive, the speakers at the EUREM Conference may take part free of charge. Travel costs can not be taken over.

 

Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk 

www.sbch.org.mk     
 

  • No labels