Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Климатизација и вентилација - енергетски ефикасни проекти и решенија, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREMplus во Скопје на 9 април 2016 година.

Теми кои ќе се обработат на семинарот

1. Kомпоненти на системот за кламатизација

  • Разменувач на топлина: греење
  • Овлажнувач
  • Mешач
  • Разменувач на топлина: ладење + сушење
  • Eфикасност на WRG
  • Hx дијаграм

2. Oптимизација на волуменскиот проток

3. Заложба за VDI 6022 хигиена и чистење

4. Oпции за оптимизација

Мерки за заштеда

  • Tермоизолација
  • Засенчување
  • Вентилација поврзана со потребата
  • Потрошувачката на енергија како внатрешно оптоварување
  • Пресметка на побарувачката за топлинска енергија 

Oптимизација на дистрибуцијата

  • Tермичка изолација, кондензација
  • Загуба (пад) на притисок
  • Потрошувачка на електрична енергија
  • Заштеди во поединечни области

WRG

  • Вкупен потенцијал за заштеда
  • Заштеди во поединечни области

5. Нови трендови

  • Пасивни куќи
  • DEC
  • Геотермални извори, зацевување
  • Потенцијал

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 9 април 2016 година (сабота) во 10.00 часот, во Скопје.

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901.

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk     

  • No labels