Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Основачки состанок на Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, на 9 април 2016 година во Скопје. Националниот конзорциум се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Согласно проценките на EBRD за инвестицискиот потенцијал за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор во земјите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, планиран е грант-буџет од 11 милиони евра за техничка поддршка на засегнатите страни и подобрување на легислативата поделен во три компоненти:

  • техничка поддршка за банки, добавувачи/монтажери на ЕЕ опрема
  • пристапување до ЕЕ проектите за Заедници на станари и други организации за управување со станбени комплекси
  • подобрување на ЕЕ легислативата

За реализација на проектните активности, Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој повикува приклучување на заинтересирани субјекти.

пријава >>

Што е предмет на интерес?

Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK (EUREM Macedonia) при Стопанската комора на мал бизнис, во конзорциум со пет интернационални партнери за проектот на EBRD (Европска банка за обнова и развој) Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus), повикува на изразување интерес за учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на енергетска ефикасност.

Изразување интерес

Изразувањето интерес за учество во проектот на конзорциумот EUREM MK (EUREM Macedonia) за Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus) се врши со пополнување на оваа пријава. 

The Regional Energy Efficiency Programme (REEP) aims to unleash the potential for greater use of renewable energy and energy efficiency measures by providing a combination of financing instruments, technical assistance and policy support to create a sustainable market for energy efficiency in the Western Balkans. REEP supports energy efficiency investments in both private and public sectors.

Read more...




Состав и задача на Конзорциумот

Конзорциумот е предводен од Берлинската енергетска Агенција (Berliner Energieagentur GmbH), составен од петмина интернационални партнери со 16 интернационални експерти, Berliner Energieagentur GmbH, e7 Energie Markt Analyse GmbH, Prognos AG, Wolf Theiss, Institut Josef Stefan и тројца локални експерти: Prof. Dr. Dušan Gvozdenac (Serbia, University of Novi Sad), Edward Sofeski (Macedonia, EUREM Macedonia) и Dr. Haris Lulic (Bosnia-Hercegovina, University of Sarajevo).

Конзорциумот е наменет за поддршка на регионалната програма REEP Plus на EBRD за поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност во шест земји на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија).

Квалификации на учесниците

Заинтересираните учесници треба да имаат квалификации за изработка и управување на проекти за енергетска ефикасност (во приватниот или јавниот сектор)  согласно политиките и стандардите на ЕУ.

Селекцијата на соработниците ќе биде направена согласно нивната способност да ги задоволат наведените квалификации.

Предлог-проекти и проектни идеи поделени по дејности

Доставување на пријавите

Изразувањето интерес за учество во проектот се врши со пополнување на оваа пријава, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail info@sbch.org.mk 

Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

  • No labels