Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Компримиран воздух и профитабилно намалување на трошоците кај компресорски постројки, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREMplus во Скопје на 26 март 2016 година.

Теми кои ќе се обработат на семинарот

1. Систем за компримиран воздух:

  • Компресори
  • Подготовка (филтрирање, сушење)
  • Дистрибуција
  • Контрола

2. Анализа на компресор

  • Собирање на фактички податоци
  • Специјални параметри
  • Идентификација на волуменот на системот  

3. Оптимизација на компримираниот воздух

  • Работење
  • Потребни предуслови
  •  Потенцијал
  • Пресметка 
  • Потенцијал на вкупната заштеда
  •  Заштеди во одделни области
  • Споредба на системите за компримиран воздух

4. Пресметка на загубите при прокапување

5. Пресметка на режимот во мирување

6. Пресметка на опсегот на притисокот во мрежата

7. Пресметка на оптимизацијата на нивото на притисок

8. Пресметка на обновувањето на топлината

9. Пресметка на реконструкцијата на постројката (замена на компресорот)

10. Пресметка на ефикасноста на трошоците

11. Студија на случај

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 24 март 2016 година (сабота) во 10.00 часот, во Скопје.

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901.

Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077,  тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk     

  • No labels