Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Електрични постројки и мотори - методи на енергетска ефикасност, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREMplus во Скопје на 12 март 2016 година.

 


Теми кои ќе се обработат на семинарот

  • Електрична мрежа и електроенергетски систем

- загуби
- трансформатори
- реактивна компензација
- мотори

  • Пресметка на загубите на трансформаторот, загуби од дисперзија, реактивна моќност и струја, трошоци за одржување
  • Пресметка на трошоците за променливи оптоварувања со програма за симулација, ABB или Siemens
  • Мотори

- видови на електрични мотори и нивни области на примена
- три фазен асинхрон мотор - крива на нормализирана струја, крива на вртежен момент, крива на ефикасност на моторот, интеракција на моторот и работната машина, перформанси, загуби

  • Оптимизација и одржување
  • Контрола на брзина на мотори (фрекфентен конвертор) - пумпи, вентилатори, мотори
  • Калкулација на енергетски заштеди, оптимизација на системот

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 12 март 2016 година (сабота) во 10.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels