Skip to end of metadata
Go to start of metadata

согласно член 131 од Законот за енергетика                                                 


Согласно барањето на Министерството за економија, во име на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на Мал Бизнис, објавуваме табела на планирани проекти/мерки за енергетскa ефикасност за периодот 2016-2018 година кај секоја компанија.


 

Податоците е потребно да се пополнат во табелата од секоја компанија, а доколку табелата не одговара во целост, да се дополни со податоци во формат кој е најсоодветен на меѓународните стандарди за проекти од енергетска ефикасност.

 

За потребите од изготвување на третиот Акционен план за енергетска ефикасност, формирана е работна група од претставници од Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Притоа, потребно е да се соберат податоци за планираните проекти во компаниите за подобрување на енергетската ефикасност за периодот 2016-2018 година.

Пријавување проект

Пријавувањето проект за учество во третиот Акционен план за енергетска ефикасност се врши со пополнување на оваа табела

Заинтересираните компании треба да имаат изработени проекти/или во подготовка (подготвени согласно ЕУ стандардите), со кои се заинтересирани за учество во Акциониот план.

Предлог проекти и проектни идеи поделени по дејности

Доставување на проектите

Ве молиме да ги пријавите Вашите проекти со пополнување на оваа табела, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail info@sbch.org.mk 

Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk                                       

  • No labels