Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот webinar Нискоенергетски станбени згради, кој ќе се организира во Скопје на 8 март 2016 година.

На претстојниот webinar ќе се презентираат практични студии на случај и ќе се демонстрираат корисни алатки за употреба во проекти за подобрување на енергетската ефикасност во станбени згради од претставници на Changeworks, UK; Centre for Sustainable Energy, UK и e7 Energie Markt Analyse, Austria.

 


 

Со оглед на тоа што 43% од жителите на Европа живеат во станови, подобрувањето на енергетската ефикасност на становите е од клучно значење за постигнување на европските енергетски цели и намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Сепак, надградбата и реновирањето на овие објекти е особено тешка, особено во згради и објекти со повеќе сопственици, што е најчест случај. Тешкотиите се случуваат во идентификацијата на соодветните мерки, ангажирањето повеќе чинители, обезбедувањето финансиски средства и донесувањето одлуки.

На претстојниот webinar ќе се презентираат практични студии на случај и ќе се демонстрираат корисни алатки за употреба во ваков вид проекти. Webinar-от e наменет за сите чинители вклучени во изградба и одржување на станбени згради. Тоа значи дека е наменет за сопствениците на објекти, локалната самоуправа - општини, здруженијата за домување и одржување на станбени објекти, градежните претпријатија и креаторите на политиката на локално, регионално и државно ниво.

 

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 8 март 2016 година (вторник) од 15.00 до 17.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан - пријавување

Настанот е отворен и бесплатен за сите заинтересирани учесници, но за да добиете пристап до линкот на webinar-от потребно е претходно пријавување. Ве молиме да го пријавите Вашето учество со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

 

Дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels