Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Биогас постројки, кој ќе се организира во рамките на Македонскиот ден за енергетска ефикасност 2016 во Скопје на 27 февруари 2016 година.

Видови на биомаса, содржина и достапност во Македонија, инвестиции во биогас системи и компоненти, модулирани биодигестори, складирање на биогасот и/или производство на електрична и топлинска енергија се дел од темите презентирани од релевантни експерти.




Теми кои ќе се обработат на семинарот

  • Видови на биомаса, содржина и достапност
  • Намалување на трошоците за потрошувачка
  • Субвенции
  • Периоди на амортизација
  • Биогас системи и компоненти, карактеристики
  • Биодигестори
  • Биохемиски процеси, ферментација
  • Складирање на супстратот
  • Ферментатори
  • Складирање на биогасот
  • Биогас мотори
  • Употреба на отпадната топлина
  • Големина на котелот и турбината
  • Пресметка на потрошувачката на енергија
  • Пресметка за ефикасност на трошоците
  • Инвестиции

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 27 февруари 2016 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels