Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Оваа обука се препорачува како подготвителна за следење на обуката
за европски енергетски менаџер (European Energy Manager - EUREM).

 

 

Оваа обука е бесплатна за пријавените учесници во групата за EUREM обука за 2016 година.


март 2016

среда: 19.40 - 21.40 (x 6 предавања)

цена: 6.980,00 денари

фонд на часови: 20 (еден наставен час - 40 минути)

сертификат: Енергетски ефикасни инсталации

 



На обуката ќе се обработат следните теми:

  • пасивни куќи и енергетски ефикасни згради - енергетски биланс
  • топлинско-изолациски материјали и пресметка на топлински мостови
  • инсталации за електрична енергија
  • инсталации за греење
  • инсталации за климатизација
  • проектирање на системи за греење и климатизација
  • системи за греење и ладење со обновливи извори: соларни колектори, топлински пумпи, енергија од биомаси

За да се постигне висока енергетска ефикасност на еден објект, потребно е задоволување на повеќе фактори:

  • добра термичка изолација на објектот
  • добра вентилација на објектот со искористување на топлинската енергија на влезниот и излезниот воздух
  • користење на обновливи извори на енергија со висок коефициент на ефикасност и акумулација на топлинската енергија
  • дополнително искористување на вишокот топлинска енергија.

Активностите за заштеда на енергија во објектите треба да се насочени кон мерки за:

  • заштеда кај системите за греење и климатизација (подобрување на карактеристиките на објектот, ефикасност на примарната и секундарната опрема, промени во процесот на климатизација, регулација)
  • намалување на загубите на електрична енергија (подобрување на факторот на моќност, намалување на односот на хармониците, намалување на топлинските загуби во електричната мрежа)
  • заштеда кај енергетските флуиди

Со анализа на потрошувачката на енергија за време на експлоатација на објектот и воведување на мониторинг и менаџмент на потрошувачката се доаѓа до забележителни резултати во поглед на заштедата на енергија.

 


МОЖНОСТ ЗА ПОПУСТ (важи само за редовната цена)

за двајца пријавени учесници: попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници: попуст од 30%



(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

  • No labels