Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за проектирање ефикасни топлински системи (ефикасност на процесна топлина), кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 30 јануари 2016 година.



Теми кои ќе се обработат на семинарот

  • Проток на енергија за време на производство
  • Синџир на ефикасност - трансформација на гориво до топлина кај корисник
  • Стандардни горива
  • Утврдување на трошоци за енергија во процесите – класични и алтернативни горива
    - Променливи
    - Фиксни
    - Променлива цена на енергијата
    - Алтернативни горива со опционален третман (палмово масло, биомаса, биогас)
  • Проектирање целокупнoст на системот, интеракцијата меѓу компонентите и цената.
  • Генератор на топлина
    - Споредба на различни видови котли
    - Топлински загуби на системот за греење
    - Век на траење, емисии
    - Оптимизација на процесот (сушење, рекуперација, топлинска пумпа)
  • Систем на пареа
    - Систем
    - Третман на водата и трошоци
    - Загуби на пареа

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 30 јануари 2016 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels