Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Повикот се објавува согласно Програмата за општествена одговорност на
ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност

Пријавување проектна идеја

Пријавувањето на проектните идеи се врши до 5 февруари 2016 година, со пополнување на пријава.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

Презентација на проектните идеи за кои тимот на EUREM MK ќе изработи комплетни тенхичко-финансиски проекти ќе се реализира во програмата на Македонскиот ден за енергетска ефикасност 2016 (Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2016), кој ќе се организира во Скопје на 27 февруари 2016 година.

Овој семинар еднаш годишно се реализира од 2008 година, а од 2010 година под името Macedonian Energy Efficiency Networking Day.


 

Изработувачите на најдобрите проектни решенија ќе бидат поканети за учество на претстојната
7-ма Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во Берлин, Германија.


 

Пријавување учество како публика

Пријавување учество како публика на Македонскиот ден за енергетска ефиканост 2016 - 27 февруари 2016 година се врши со пополнување на оваа пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“).

Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.

Настанот ќе се одржи на 27 февруари 2016 година во Скопје. 

Пријава и контакт

Вредноста на котизација за учество е дадена во пријавата.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство / проектна идеја со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

  • No labels