Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за енергетски ефикасно осветлување: опрема и проектирање, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 26 декември 2015 година.


Теми кои ќе се обработат на семинарот

Основни фотометриски параметри

  • Флукс за осветлување, ниво на осветлување,
  • Видови на сијалици / лампи (блескави, флуоресцентни, плазма, индукција, ЛЕД)
  • Баласт единици, трансформатори
  • Светлечки тела (oпал дифузори, призми, aсиметрични рефлектори/specular louvers, огледала рефлектори)
  • Регулатори за светло
  • Употреба на дневна светлина
  • Ниво на осветлување во просторијата
  • Oпции за оптимизација

Објаснување и Демонстрација
Димензионирање на системите за осветлување според лумен методот

  • Корисност
  • Пресметка на бројот на светлечки тела (светилки)
  • Илуминација
  • Пресметка на тековната потрошувачка на електрична енергија
  • Димензионирање на системите за осветлување според лумен методот
  • Пресметка на потрошувачката на електрична енергија и трошоците по реновирањето
  • Вежба за објаснување:
  • Намалување на потрошувачката на енергија
  • Ефикасност, амортизација

Примери на фотометриски оптимизации


Проверете...

Доколку на повеќето прашања во овој Лист на проверка
одговорите се НЕ или СЕ ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА,
тогаш имате потреба за учество на семинарот.

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 26 декември 2015 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels