Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

Конкурсот е  отворен до 25 јануари 2016 година

KОСМО Иновативен Центар има потреба од стручни соработници: консултанти и обучувачи за реализација на програмските содржини на KNOW-HOW консалтинг-едукативната програма и за реализација на регионални проекти кои се дел од програмата на WIFI Institute Austria и проектот EUREM Plus.


Какви кандидати се потребни?

Потребни се кандидати кои ќе можат да реализираат периодични обуки, тренинзи или консалтинг-услуги од следните ОБЛАСТИ:

  • енергија на биомаса и биогас
  • когенерација - комбинирано производство
  • зелена IT
  • компримиран воздух
  • инженеринг на ладење
  • осветлување
  • електрични уреди
  • соларна технологија

Кои услови треба да се исполнуваат?

  • завршено високо образование
  • работно искуство од минимум три години
  • покрај добро владеење на македонски или албански јазик, потребно е познавање на српски/хрватски, англиски јазик
  • експертско познавање на барем една од наведените области, практично работно искуство на кандидатот - дел од работно искуство, работни обврски, волонтерски обврски како обучувач, презентер, модератор или консултант, ќе значат предност во квалификациската процедура
  • работно искуство во приватни претпријатија, јавни претпријатија, универзитети како интерни тренери, стручни соработници, консултанти или советници, со личен интерес за континуирана едукација


Пријавување

Се молат заинтересираните кандидати да пополнат Europass CV и заедно со придружно писмо, во кои ќе се наведат тренинг областите за кои се пријавуваат, да го испратат на e-mail или на нашата адреса: КОСМО Иновативен Центар, бул.Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 


 

  • No labels