Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за термален инженеринг и технологија на греење, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 28 мај 2016 година.




Теми кои ќе се обработат на семинарот

Tехнологијата за греење

  • пресметка за топлинското оптоварување
  • годишни барања за енергија за греење

Преглед на системите за греење

  • области на системот: производство на топлина, дистрибуција, испорака
  • пренос на топлината: вода, воздух, пареа
  • хорива: гас, нафта, дрва, јаглен

Систем за испорака на топлина

  • конвекција наспроти зрачење
  • видови радијатори и ефикасност
  • греење на сала (топол воздух, радијатори на гас, грејни панели на таван)
  • хидраулично балансирање

Дистрибуција на топлина

  • типови на системи (едноцевни, двоцевни, Tichelmann)
  • фитинзи, вентили, контролни компоненти
  • монтажа на цевки и фитинзи
  • проектирање на пумпа

Производство на топлина

  • видови на котли, ефикасност
  • технологија на грејна вредност
  • бафери, хидраулична шема
  • производство на топлина, eкспанзија
  • безбедносна технологија

Пример

  • објаснување на пример
  • пресметка на ефикасноста на котелот, производство на енергија

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 28 мај 2016 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels