Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за трговија со енергија и набавка на енергија, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 13 и 20 ноември 2015 година.



Теми кои ќе се обработат на семинарот

- запознавање со директивите на ЕУ за пазарот за електрична енергија и гас - Закон за енергетика

- надоместок за обновливо производство на електрична енергија

- набавка на енергија и трговија со енергија (учесници на пазарот и нивните улоги - трговци, брокери, известувачи за цени) 

- фактори на понуда и побарувачка кои влијаат на цените (краткорочно и долгорочно)  - нестабилност на цената (сезонски, неделно, тековно)

- пазари за тргување со електричната енергија

- либерализација на пазарот со електрична енергија и пазарот со гас

- набавка на енергија во индустријата

- тргување со емисии (директива на ЕУ за тргување со емисии, доделување сертификати и распределба на трговијата, проекти за намалување на емисиите)

 

Доколку на повеќето прашања во Листот на проверка одговоривте се НЕ или се преземени Мерки за реализација тогаш имате потреба за учество на семинарот.

Можност за промоција на идеи и проекти

Учесниците на настанот,  потенцијални партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки.  

Време и место на одржување

Настанот ќе се одржи на 13 и 20 ноември 2015 година (петок) од 17.00 - 21.00 часот, во Скопје. 

Отворен настан

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

 

Пријавување

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

  • No labels