Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Со завршување на EUREM обуката, со сертификатoт издаден од EUREM Конзорциумот, кандидатите добиваат национален препознатлив број (со префикс MK за Македонија).

EUREM сертификатите издадени од партнерите на EUREM  мрежата, вклучувајќи ја и Македонија, се прифатени во земјите на партнерите.

Досега се издадени околу
4 000 сертификати во над 40 земји во Европа и светот.


eForum - партнери во ЕУ и светот



Романија

Доделување EUREM сертификати во Романија

На церемонијата на примопредавање на сертификати за европски енергетски менаџер, успешното завршување на првата класа на дипломирани студенти на европскиот курс на енергетски менаџер беше прославено за време на свеченоста организирана на Комората за трговија и индустрија на Клуј, во бизнис клуб Д-р Августин Рату.

На дипломираните студенти по овој повод им се доделени сертификати за европски енергетски менаџер, издадени од Комората за трговија и индустрија Nurnberg- Германија.

повеќе >>



БУГАРИЈА

Добредојде за Бугарија во EUREM

Бугарија, преку проектот EUREMplus, стана членка на мрежата на EUREM. На 24 и 25 септември 2015 година, во Софија ќе се одржи завршниот проектен состанок, со што се комплетира проектот за воведување на програмата EUREM во шест нови земји: Полска, Романија, Хрватска, Бугарија, Кипар и Македонија.

Погледнете го видеото, подготвено од бугарскиот партнер, за проектите за енергетска ефикасност реализирани за време на проектот EUREMplus од 2013 до 2015 година.


ПОЛСКА 

ПОЛСКА - партнер на EUREM 

Damian Chłodnicki, инженер во хемиската фабрика за сулфур "Siarkopol" СА - учесник во EUREM тренингот организиран во Полската Стопанска Комора, го претстави својот проект и доби награда за најдобар проект на 6-тата Меѓународна конференција на европскиот енергетски менаџери во Прага. Честитки! 

Погледнете видео од проект за енергетска ефикасност во централа за производство на топлинска и електрична енергија Black Red White S.A. во Полска Наскоро соработка со Полската Стопанска Комора за реализација на Distance Learning обуки за EUREM во Македонија.

 


ЕГИПЕТ

ЕГИПЕТ е дел од мрежата EUREM

Oli Age се приближува кон својот крај: трошоците за енергија се зголемуваат и рушат рекорди. Се чини дека нема промена во трендот, бидејќи потрошувачката на енергија рапидно се зголемува во новоиндустријализираните земји  - ова се зборовите со кои на Египетскиот портал на EUREM се опишува обуката и потребата од истата и во Арапските земји, кои повеќето се познати производители на нафта и природен гас. Уште од 2012 година Египет е парнер во ЕУРЕМ мрежата, а безбројни се проектите за енергетска ефикасност и обновливи извори во со сонце богатиот регион

Г-н Amr Khalifa е одговорен за реализација на обуката во Германско-арапската индустриска и стопанска комора во Каиро.

повеќе >>

 


УРУГВАЈ

Во МОНТЕВИДЕО со EUREM

Дваесет и еден уругвајски есперт се приклучија на глобалната мрежа на Европските енергетски менаџери (EUREM). Секретарот за енергетика на Уругвај, Dr Ramón Méndez, ги промовираше експертите со своите меѓународно признати сертификати за време на прес-конференција од претседателската палата.

Практичната имплементација на овие проекти може да доведе до годишна заштеда на енергија во Уругвај од 2 милиони американски долари, исто така и намалена емисија на 11.000 тони CO2 секоја година. Dr Ramón Méndez  е задоволен што постои поголем интерес во Уругвај, како локација за инвестирање во обновливите извори на енергија. Програмата EUREM веќе се спроведува во Аргентина, Бразил, Чиле, Египет и Мароко, а програмата е во развој и во Индија.

Во Европа, освен во земјите на ЕУ, обуката EUREM се реализира во Македонија.

повеќе >>

 


Хрватска

Успешна EUREM обука

Погледнете го видеото за успешно реализираниот циклус EUREM обуки во Хрватска во рамките на EUREMplus проектот. 

 


ЧЕШКА

Oбука за EUREM

Ексклузивно обуката EUREM во Чешка ја организира Чешко-Германската Стопанска Комора.

Погледнете видео за успешно имплементиран проект во оптичка индустрија.




ФИНСКА 

Oбука за EUREM

Почеток на нова група за EUREM обука во Хелсинки, Финска. Helen Oy:n Timo Marttinen ја доби наградата за најдобар проект за енергетска ефикасност во категоријата на големи компании на последната конференција за енергетски менаџери во Прага.

Обуката за eнергетски mенаџери ја имаат завршено повеќе од 4 000 луѓе во повеќе од 30 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Финската AEL ја организира ексклузивно оваа обука повеќе од 5 години. Следната група ќе започне со настава на 25.08.2015 во Хелсинки.  

Повеќе информации >>

 


АРГЕНТИНА

¡Bienvenido al nuevo Foro de Gestión Energética!

EUREM лиценциран во Аргентина

Luis Alberto Vergani, електроинжинер на Технолошкиот Институт на Буенос Аирес при Привада Универзитетот, е координатор на EUREM програмата во Аргентина.

Со завршување на EUREM обуката, покрај сертификаот издаден од EUREM Конзорциумот, кандидатите добиваат ITBA национална диплома за менаџмент на енергетска ефикасност. EUREM сертификатите издадени од партнерите на EUREM мрежата, вклучувајќи ја и Македонија, се прифатени во земјите на партнерите.

Добредојдовте во Аргентина >>

  • No labels