Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Повик за стипендирање кандидати за обуката ЕУРЕМ
циклус: септември 2015-април 2016 гoдина

согласно Програмата за општествена одговорност на ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност


Пријавување интерес за стипендирање

КОЈ МОЖЕ да стипендира?

Стипендирањето можат да го извршат регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на проект за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија кој стипендираниот кандидат ќе го изработи во текот на обуката.

Заинтересираните општествено одговорни стопански субјекти можат да поддржат најмногу 5 кандидати од претстојната група за ЕУРЕМ обуката циклус: септември 2015 - април 2016 година.  

Во текот на обуката стипендираните кандидати ќе изработат комплетни техничко-финансиски проекти со поддршка на менторите-предавачи - Проектите ќе останат во владение на стопанскиот субјект кој го извршил стипендирањето.

Избор на кандидати за стипендирање

Кандидатите кои ќе се стипендираат се пријаваат рамноправно на Отворениот Конкурс за учество за ЕУРЕМ обуката, а нивното учество во обуката ќе биде одобрено доколку ги задоволат бараните квалификации од носителот на обуката Индустриската Комора на Нинберг,Германија:

  • основно познавање на енергетската технологија
  • добро познавање на производството и енергетски релевантните процеси
  • искуство во оперативниот енергетски концепт
  • AOP познавање (Windows, Word, Excel)
  • интензивно професионално искуство

Конечниот избор на кандидатот кој ќе го стипендира го врши стопанскиот субјект во координација со организаторот на обуката КОСМО Иновативен Центар и согласно критериумите на носителот на обуката Индуистриската Комора на Нинберг, Германија. Стопанскиот субјект го стипендира целосниот износ на трошоците за наставата.

ТЕРМИНИ

Почеток на предавањата - септември 2015 година.

Обуката се реализира во десет месеци - два пати месечно по еден-три дена (петок-сабота). Кандидатите започнуваат со изработка на проектот 4 месеци по почеток на наставата, а проектот го комплетираат до крајот на наставата.

Пријавување кандидати за учество на обуката според термините на тековно Отворениот Конкурс за ЕУРЕМ обуката >> пријава

Пријавување интерес за стипендирање - Стопанските субјкетки заинтересирани за стипендирање на кандидати за обуката ЕУРЕМ можат да го контактираат организаторто на обуката континуирано до 30 дена пред почеток на наставата на планираните групи.   


Повеќе информации на порталот EUREM MK, преку брошурата за EUREM или во

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077, 070 361 553 тел/фах. (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

www.cosmoinnovate.com.mk

  • No labels