Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност
при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија
ве повикува да учествувате на

Конкурс за проектни идеи за енергетска ефикасност
и обновливи извори на енергија
(ЕУРЕМ Македонија - енергетски концепти 2015)

Пријавување проектна идеја

Пријавувањето на проектните идеи се врши до 22 јуни 2015 година, со пополнување на пријава.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на проектот EUREMplus. Изработувачите на најдобрите проектни решенија  ќе бидат поканети за учество на претстојната 7-ма Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во Берлин, Германија.

Овој семинар еднаш годишно се реализира од 2008 година, а од 2010 година под името Macedonian Energy Efficiency Networking Day.

Пријавување учество како публика

Пријавување учество како публика на Македонскиот eнергетски ден 2015 - 29 јуни 2015 година се врши со пополнување на оваа пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“).

Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија. 


На настанот ќе се доделат сертификатите на македонските европски енергетски менаџери - ЕУРЕМ - 24 учесници на обуките во 2014/2015 година. Повеќе информации за реализираните енергетски концепти на оваа страница.

Настанот ќе се одржи на 29 јуни 2015 година во Скопје. 

Пријава и контакт

Вредноста на котизација за учество е дадена во пријавата.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство / проектна идеја со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

  • No labels