Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Западен Балкан

Енергетската безбедност е тема на растечка загриженост за Западен Балкан

19.01.2015

 Енергетската безбедност е тема на растечка загриженост за многу земји од ЕУ и Западен Балкан, односно земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија, може да имаат улога во подобрувањето на енергетската безбедност преку можни инвестиции во терминали за течен природен гас (LNG) и нови гасоводи.

Земјите од Западен Балкан, исто така, може да имаат корист од алтернативните патишта за испораките на гас за Европа од Русија, Кавказ и уште подобро преку увозни LNG терминали.

Географска положба, пристап до морето и желбата да се создаде стабилна регулаторна рамка за политиката се фактори кои ги прават земјите од Западен Балкан интересен терен за инвеститорите во енергетиката.

Повеќе информации на:

Косово

Светска банка и Косово потпишаа договори за проекти за енергетска ефикасност и здравство

16.01.2015

 Светска банка соопшти дека со Косово потпиша два договори за енергетска ефикасност и за здравствени проекти со вкупна вредност од $ 56.500.000 (48.600.000 €).

Косовскиот Проект за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со вкупна вредност од 31 милиони долари, има за цел намалување на потрошувачката на енергија и употребата на фосилни горива во јавните згради, објави Светската банка во изјавата објавена на нивната веб-страница во четвртокот.

Проектот за здравство од 25.500.000 $ ќе ја подобри финансиската заштита од здравствените трошоци за сиромашните и квалитетот на грижата за здравјето на мајките и децата за незаразните болести во Косово, додаде Светската банка.

worldbank.org/.../kosovo


 

Македонија

Индискaта групaција OPG BRG размислува
за инвестирање во Македонија

15.01.2015

 Индискaта енергетска групација OPG Power Ventures and metal products BRG Group планира да инвестира во Македонија.

OPG Power Ventures, која развива и раководи so електрани во Индија, е заинтересиранa за изградба на термоелектрани и соларни централи во Република Македонија, се вели во соопштението на Владата по средбата меѓу премиерот Никола Груевски и претставници на компанијата.

Детали за инвестиции планови на индиската компанија не беа обелоденети.

Индиската BRG Group, која е специјализирана за производство на челик, планира да започне со производство во Македонија, кое ќе се извезува во други земји во Европа.

BRG размислува за brownfield инвестиции во Македонија и се очекува да ги заврши преговорите со Владата за својот проект во следните неколку месеци, Владата го цитираше извршниот директор на компанијата, Sanjay Bhandari.

brggroup.in

  • No labels