Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Печатени фотоволтаици

Фолија која може да се користи за надворешни фасади

19.12.2014

 Австриски истражувачки конзорциум ќе се фокусира на понатамошен развој на фотоволтаични фолии во текот на следните три години. Во иднина, вакви фолии ќе можат да се печатат со брзина од 40 метри во минута.



Веќе патентираната иновација на компанијата "crystalsol" е активен слој за апсорбирање на светлината направен од кристален полупроводнички прав поставен во полимер слој, вели Axel Neisser, технички директор на компанија која стои зад развојот на фолијата "crystalsol".

Составот на правот се базира на лесно достапни материјали, како што се бакар, цинк, калај, сулфур и селен, и на тој начин има достапна цена. Овие фолии се погодни да се интегрираат во разни видови градежни елементи.



Crystalsol работи со компаниите Forster Verkehrs und Werbetechnik GmbH, Polymer Competence Center Leoben, NanoTecCenter Weiz, истражувачките центри Joanneum Research Forschungsgesellschaft и Австрискиот институт за технологија (AIT) во контекст на истражувачкиот проект "print.PV".

Експертите задолжени за развој на материјали и процеси сакаат да го придвижат концептот во текот на времетраењето на проектот, од првиот "доказ за концепт" до проверка и потврда во реална средина.

Повеќе информации на:

crystalsol.com

klimafonds.gv.at

преземено до ABA newsletter

Југоисточна Европа

Кина ќе помогне на Србија за изградба на термо-централа на јаглен од 350 MW

15.12.2014

 Србија и Кина ќе потпишат договор кој се проценува на над $ 600 милиони следната недела за доградба на нова единица во термо-централата на јаглен во Костолац, што е првата голема инвестиција по повеќе од две децении во старата енергетската инфраструктура на Србија, како што е наведено од страна на генералниот менаџер на централата.

Драган Јовановиќ изјави дека договорот ќе биде потпишан на маргините на самитот на лидерите од Централна и Источна Европа и Кина на 16 и 17 декември во Белград. Кинеските инвеститори се се повеќе и повеќе насочени кон енергетски проекти на Балканот, зголемувајќи го нивното присуство и манифестирајќи ентузијазам да преземат поголеми ризици од европските конкуренти во потенцијално профитабилниот пазар кој добро е поврзан со Европската унија и со можност за зголемувањето на цените.

Проектот ќе се состои од изградба на нова 350 мегаватна (MW) единица и развој на блискиот рудник за јаглен - Дрмно. Ќе бидат потребни пет години за реализација, според Јовановиќ. Тој изјави дека Кина ќе го финансира проектот преку заем од $ 608 милиони кој треба да се врати за 20 години. Кредитот има грејс период од 7 години и годишна камата од 2,5 отсто. Останатите потребни уште $ 107 милиони за реализација на проектот ќе бидат обезбедени од страна на Српската Влада и државната Електропривреда Србије (ЕПС).

преземено од EnergyMarketPrice


Југоисточна Европа

A.T. Kearney: ЈИЕ треба да работи на заеднички инвестициски проекти за поевтини финансирање

02.12.2014

 "Прашање е дали на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) ќе продолжат да придонесуваат за негативен енергетски баланс во Европа или да го зголемат учеството и да станат важни играчи во подобрување на целокупната енергетска стабилност на континентот ", напиша глобалната менаџмент консултантска фирма АТ Керни во својот неодамнешен извештај.

  

Тие се убедени дека Југоисточна Европа може да стане столб на економскиот и социјалниот развој ако се зголеми регионалната интеграција и соработка и започнат заеднички инвестициски проекти - рудници за јаглен или термоелектрани во Косово и во БиХ, хидроинвестиции во БиХ или гасоводи, оптимизација на технологијата, привлекување повеќе приватни инвестиции во обновливите извори на енергија итн.

преземено од Energetika.net

повеќе >>> 

  • No labels