Skip to end of metadata
Go to start of metadata

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ДЕЛОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА

21 - 25 aприл 2015 година

релација: Скопје-Прага-Виена-Скопје

ПРОЕКТОТ EUREMplus

Boost Energy Efficiency in Manufacturing SMEs
by Extending European EnergyManager Training and Network

со поддршка од Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на мал бизнис на Република Македонија

ОБЈАВУВА

реализација на VI-тата Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во Прага, Чешка на 22-23 април 2015 година, со цел воспоставување соработка со ЕУРЕМ мрежата од 3.000 сертифицирани енергетски менаџери во 32 земји за проекти за енерегетска ефикасност и обновливи извори на енергија.


Програма

22 aприл 2015 Прага, Чешка 

регистрирање на учесниците Чешко-германската индустриска стопанска комора
(Česko-německá obchodní a průmyslová komora)

работни сесии А-F - детална програма

вечера

23 aприл 2015 Прага, Чешка

работни сесии G-I - детална програма

B2B состаноци и networking со членки на ЕУРЕМ мрежата за проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

 презентација на EUREM AWARDS 2015 - наградени проекти во изминатиот циклус

24 април 2015
Виена, Австрија

 




посета на Федералната стопанска комора на Австрија (Wirtschaftsförderungsinstitut Österreich)

прием во Одделот за енергија и екологија (заменик-претседател на EUREM Конзорциумот)

посета на Институт за Енергетска Економија (Energieinstitut der Wirtschaft GmbH)
информација за австриски провајдери на технологија и консултанти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

25 април 2014
Гусинг, Австрија

посета на European Center for Renewable Energy (EEE) Gussing - Австрија

презентација на т.н. Gussing model за децентрализирано локално производство на енергија со сите расположиви обновливи извори во регионот (демонстрација на: Biomass power plant Güssing - Fluidised steam gasification (Thermal Gasification), Biogas facility in Strem - Biogas (Biological gasification), Biomass Long Distance Heating Plant Güssing (Firing)

Трошоци

Трошоците за учество во претстојната деловна делегација изнесуваат 295,00 ЕУР (котизацијата се однесува на транспорт со туристичко комбе и организација на делегацијата од Комората на мал бизнис).

Хотелските трошоци (две ноќевања во Прага и едно ноќевање во Виена) учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат (вкупно околу 190 ЕУР за резервации до 22 февруари 2015 година).

Котизацијата за учество на Конференцијата - за регистрации на учесници кои не се дел од делегацијата на Комората на мал бизнис - изнесува 290 ЕУР - учесниците самостојно се регистрираат и вршат уплата кај организаторот на конференцијата, Чешко-германската индустриска стопанска комора.

Пријавување

Пријавувањето учество на конференцијата се врши на овој линк.

Пријавувањето учество во македонската делегација се врши во Комората на мал бизнис - испратете ја пријавата на info@sbch.org.mk.

За учесници во деловната делегација се покануваат сите заинтересирани претпријатија, организации и поединци - заинтересирани за соработка со ЕУРЕМ мрежата на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Претставник на Македонија во конкуренција за EUREM AWARDS 2015 на претстојната конференција е г-н Златко Ѓурчиноски од Вардар Доломит - Гостивар со проектот  Dolomit refractories production – sintering optimisation
Повеќе информации

за патувањето и деловната делегација на Комората на мал бизнис: Слободан Софески, 070/271-901

за пријавување учество во делегацијата или барање конкретна информација: info@sbch.org.mk или (02) 2448-077

за Конференцијата: Hana Potůčková, (00420) 221-490-306; 224-221-200; 604-211-379

  • No labels