Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Организаторот Стопанска комора на мал бизнис на Македонија
и Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК ве повикуваат да учествувате на

Конкурс за проектни идеи за енергетска ефикасност
и обновливи извори на енергија

 

Конкурсот за проектни идеи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се организира
како поддршка на проектот EUREMPlus на Intelligent Energy Europe во Македонија,
координиран од Индустриската стопанска комора на Нирнберг.

Пријавување проектна идеја

Пријавувањето на проектните идеи се врши до 16 февруари 2014 година, со пополнување на пријава.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост, каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

Презентација на проектните идеи ќе се реализира во рамките на програмата на семинарот за енергетски ефикасни објекти, изработка и оценка на проекти - Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2015, кој ќе се организира во Скопје на 28 февруари 2015 година.

Овој семинар еднаш годишно се реализира од 2008 година, а од 2010 година под името Macedonian Energy Efficiency Networking Day.

Цели на семинарот

- информирање за новите законски решенија за енергетки ефикасна градба во употреба од почетокот на 2015 година

- воспоставување соработка на проектантите со овластените енергетски контролори за изработка и реализација на енергетски ефикасни објекти според бараните стандарди и прописи

- претставување проекти и проектни идеи од учесниците на семинарот во функција на енергетски ефикасно искористување на енергијата во комерцијални објекти, објекти на јавни установи и објекти за домување

- понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање проекти за производство или имплементација на уреди и системи за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

- презентација на проекти на Здружението ЕУРЕМ МК, односно членовите на здружението обучени според ЕУРЕМ програмата

За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на проектот EUREMPlus. Изработувачите на најдобрите проектни решенија ќе бидат поканети за учество на претстојната VI Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во Прага, Чешка (22-23 април 2015 година).

Пријавување учество како публика

Пријавувањето учество како публика на семинарот за енергетски ефикасни објекти, изработка и оценка на проекти - Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2015 со пополнување на истата пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“).

Публиката на настанот, како и пошироката јавност, ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.

Настанот ќе се одржи на 28 февруари 2015 година (сабота) во Скопје. 

Пријава и контакт

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство / проектна идеја со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail.

контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

  • No labels