Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

Деловна посета на
Националната
стопанска комора на Полска

 Би сакале да Ве поканиме во македонската стопанска делегација предводена од Комората на мал бизнис на Македонија во работна посета на Р. Полска од 21 до 23 септември 2014 година.

Piazza ZamkowyOld TownView of the Palace of Culture, WarsawRynekVarsavia modernaMercato della pelle ZakopaneOld Town

Во рамките на деловната посета предвидено е да се реализираат B2B состаноци со претпријатија, организации и институции од Полска од следните сектори: градежништво, енергетика, инфраструктура и животна средина. Домаќин на делегацијата е Националната Стопанска Комора на Полска. 

Националната Стопанска Комора на Полска е партнер во проектот EUREMplus во соработка со Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на Мал Бизнис  на Македонија  имаат цел да помогнат во бизнис комуникациите на малите и средните претпријатија од двете земји за воспоставување соработка на проекти од заеднички интерес.      

Ако сте заинтересирани за учество ве молиме навремено да се пријавите. Пополнетата пријава испратете ја на info@sbch.org.mk или фах.(02) 244 8134.

Информации за посетата на тел. 070 271 901 или на е-маил: info@sbch.org.mk 


Презентирање на 2014
ManagEnergy наградата
и финалисти

 Годинешен добитник на наградата ManagEnergy e Комуната на Kisielice, Полска!

31.07.2014

Наградата ManagEnergy се доделува на јавните власти и агенциите за енергетика на локално и регионално ниво, кои покажаа исклучителни достигнувања во областа на обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност и чиста транспорт. Петте финалисти за овогодинешната награда беа презентирани на 2014 ManagEnergy Годишна конференција во Брисел на 24 јуни.

 

  • No labels