Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

Издадени 110 лиценци
за искористување на Сонцето

Електрични централи
во Македонија

19.06.2014

 Досега се пуштени во употреба 39 сончеви централи, од кои 26 се со моќност до 50 киловати и 13 со моќност до 1 мегават.


Расте интересот за изградба на сончеви централи преку кои сончевата енергија се трансформира во електрична. Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија (РКЕ) се издадени вкупно 110 лиценци за изградба на вакви централи, при што 39 од нив веќе се пуштени во употреба, а во фаза на изградба ширум Македонија се уште 71 фотонапонска електроцентрала.

Според состојбите што табеларно се претставени на официјалниот сајт на РКЕ, се согледува дека фотонапонските електроцентрали се делат на два дела, и тоа со моќност до 50 киловати и втората група со моќност до 1 мегават. Досега од првата група се изградени и пуштени во употреба 26, а 59 се во градба. Вкупно издадени лиценци со капацитет од 50 киловати има 85, а вкупната моќност на сите тие централи со одлука на Владата е до 4.000 киловати.

Од табелата, истовремено, се согледува дека овие 26 сончеви централи имаат вкупна моќност од 1.158,130 киловати, а 59 централи се со моќност од 2.840, 565 киловати или вкупно 3.998,695 киловати, речиси колку што одобрила Владата.

Анализите потврдуваат дека имало интерес и за градење на големите сончеви централи кои се од 50 киловати до 1 мегават. За нив регулаторите издале 13 лиценци, а уште 12 се во фаза на изградба, при што нивната вкупна бројка достигнува 25 фотонапонски електроцентрали. Овие енергетски капацитети се со моќност од 13.999, 795 киловати производство на електрична енергија, што е во состав на одобрената владина одлука, која е до износ од 14.000 киловат-часови.

- Овие производители на струја се во групата на повластени производители кои со одлука на Владата имаат право да користат повластена тарифа на електрична енергија произведена од овие сончеви централи - потсетуваат од РКЕ.

Оваа повластена тарифа кај помалите централи до 50 киловати кои веќе се пуштени во употреба е одобрена за период на користење од 15 до 20 години, а таа тарифа изнесува од 12 до 46 евроценти за киловат-час. Од табелата се забележува дека најголем број од централите се со повластена тарифа од 30 евроценти за киловат-час произведена електрична енергија.

Поголемите централи до 1 мегават имаат друга повластена тарифа за произведената електрична енергија, која се движи од 12 до 41 евроцент за киловат-час. Сепак, најголемиот дел од нив се со повластена цена од 28 евроценти за киловат-час струја.   

Искуството покажува дека најголем број од инвеститорите за градење сончеви централи се домашни. Тие сериозно се заинтересирани за производство на зелена енергија од сонце и затоа сметаат дека Владата треба да одобри нова, трета квота за поставување на сончеви панели.

- Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира - сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Од Министерството за економија велат дека идните активности во однос на зголемување на моќноста на повластените производители за фотонапонски електроцентрали зависат од резултатите кои ќе се добијат од дополнителните технички и финансиски анализи, како и од меѓуресорски консултации.

Анализите утврдиле дека Македонија заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија, што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на метар квадратен. (Вечер)

 


Над 2.500 домаќинства заинтересирани
за субвенции за сончеви
колектори

02.06.2014

 Над 2.500 барања за субвенции на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата се испратени до Министерството за економија. Огласот беше објавен на 24 јануари 2014 година, а краен рок за доставување на барањата беше 31 мај 2014 година.

Министерството за економија информира дека ќе бидат земени предвид и сите барања што ќе пристигнат во наредните денови, а се испратени по пошта до крајниот рок за аплицирање. 

Јавното извлекување на лицата што ќе добијат надомест на дел од трошоците за купен и вграден соларен колектор ќе биде на 7 јуни во просториите на Друштвото за изградба, управување и издавање повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, со почеток во 10:00 часот. Целта на оваа мерка, за која се предвидени шест милиони денари, е стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија. (МИА)

 

Кина ќе срамни со земја повеќе
од 700 планини за да изгради  нови градови!

Кинезите рушат планини

07.06.2014 

 Кинеските власти ќе израмнат над 700 планинските врвови за на 50 милји од градот Лангжуа на 130.000 хектари изградат нова метропола во израмнетата пустината.Гардијан пишува дека проектните трошоци изнесуваат околу 2,2 милијарди фунти.

Според Чајна Дејли, пак, проектот веќе привлече повеќе од 7 милијарди фунти корпоративни инвестиции. Во научната студија објавена во списанието Nature, тројца кинески научници предупредија дека планот, според кој Кина ќе срамни со земја повеќе од 700 планина за да гради нов град, не е доволно развиен и е потенцијално голема закана за животната средина.

Големиот проект на рамнење на 250 квадратни километри кинеска земја почна во април 2012 година, а намерата е да се создаде повеќе простор за проширување на градовите, како и зголемување на обработливото земјиште. Речните текови на тој начин се доведени во опасност, а веќе почнаа да се појавува и лизгање на земјиштето. Работите во Лангжу се запрени поради високите загадувањето на воздухот  и поради  големиот облак од прав што се појави откако буложерите почнаа да ја јадат планината. (Гардијан)

 

 

  • No labels