Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Поттикнувањето на инвестициите во обновлива енергија, како и поголемото вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка и зголемувањето на енергетската ефикасност се едни од јасните стратешки цели на Република Македонија во енергетскиот сектор. Секако, за успешно спроведување на вакви мерки од страна на РМ како земја кандидат и идна членка на Европската унија, активно се работи на усогласување на европското законодавство, особено во областа на енергетската ефикасност  и обновливите извори на енергија што треба да претставува леглна рамка за унапредување на сите натамошни мерки во овие области на енергетиката. Во РМ постојат поволни услови за искористување на обновливите избори на енергија, како што се: хидроенергијата, геотермалната, сончевата енергија, биомасата и ветерната енергија.

Како стимулативни мерки за поттикнување на инвестициите во обновливата енергија, донесени се повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија, произведена од мали хидроцентрали, ветерни електрани, електрични централи на биогас и фотоволтаични системи.    

 

  • No labels