Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Шуна Спировска

Одржлив туризам е поврзан со искористување и обезбедување на одредени вредности од различен карактер, ставови, етнички димензии, општествено-економски влијанија за опстојување и развивање на туризмот во рамките на еден регион.

Одржлив туризам е поврзан со искористување и обезбедување на одредени вредности од различен карактер, ставови , етнички димензии, општествено-економски влијанија за опстојување и развивање на туризмот во рамките на еден регион.

Одржливиот туризам значи постепено , но сигурно развивање на туризмот во еден регион. Одржливиот туризам не се базира на нагли промени и очекувања во смисла на големи и екстра добивки. Напротив, одржливиот туризам се подразбира како постепен развој на туризмот во рамките на реалните можности и услови што ги нуди одреден регион. Одржливиот турзам, пред се значи долгорочност во развојот на туризмот. Долгорочноста во развојот, која што е поврзана со одржливиот туризм е она што овозможува развивање и на самиот регион за подолг временски период. Тоа е развој кој е од корист за сегашната генерација, без да наштети на развојот на идните генерациии. Одржливиот туризам се потпира на развој, кој што ги задоволува моменталните потреби на регионот, а притоа не придонесува никакви нарушувања во идните потреби на регионот. Одржливиот туризам не може никако да попречи на задоволувањето на потребите на идните генерации, како и на изборот на нивниот животен стил.

Идејата за одржлив развој на туризмот потекнува од 1987 год. Од страна на “ Светската комисија за околина и развој “ при Обединетите Нации, во извештајот “Нашата заедничка иднина“ под раководство на Гро Харлем Брундтланд, за прв пат се дефинира одржливиот развој. Во извештајот на оваа комисија под поимот одржлив/долгорочен развој се подразбира “Развој, кој што одговара на потребите на денешната генерација , без можност да ги загрози идните генерации, да ги задоволи нивните сопствени потреби и да го избере нивниот животен стил“ ( UNCED – United Nations Commission on Environment and Delvopmennt 1987 )

Значаен чекор со кој што се дава голем акцент на важноста на одржливиот развој е со Светската декларација од Рио де Жанеиро во 1992 година. Со неа фактички започнува десиминација на идејата за одржлив развој – “sustainable development“. Во Агендата 21 е утврдено, дека за одржлив развој , потребно е втемелување на одржливиот развој во сите области на образованието. Овде посебно се поврзува стручното образование со одржливиот развој. Во таа насока е и официјајно поврзување на одржливиот туризам во образованието. Од страна на Обединетите Нации периодот од 2005 - 2014 година е прогласен за Светска Декада на “Образование за одржлив развој".

Цели на одржливиот туризам

Целта на одржливиот туризам е да се воспостави развој на долги рокови, кој што ќе овозможи моментални придобивки, без да ги ограничи, или наштети на идните придобивки во одреден регион. Одржливиот туризам има за цел да се даваат шанси за развој на индивидуите, развој на регионот и на општеството. За одржлив развој на туризмот неопходно е градење на основа за одржливост на туризмот. Одржливиот туризам во основата за развој втемелува градење на вредности кои значат поврзување на поединецот со факторите во општеството. Одржливиот развој во туризмот е насочен кон одржување и градење на вредности од доменот на:

- Екологијата

- Економијата

- Социо-културата

- Природните ресурси

- Институционални рамки

- Стратегии за насочување и развој.

Одржливиот развој во туризмот има за цел да придонесе кон промени во градење на свеста за екологија, за однесување, за праведност, за културните и историски вредности, за економијата како на индивидуално така и на општествено ниво. Одржливиот туриазм има за цел во целост да кореспондира со потребите на локалното население, регионот, општеството и потребите на посетителите – туристите.

Фактори на одржлив туризам

Одржливиот туризам значи потпирање и искористување на постоечките потенцијали на одреден регион во насока на одржување рамнотежа помеѓу индивидуалните и општествените потреби, а првенствено привлекување на посетители и задоволување на нивните потреби. Одржливиот туризам не значи само развој на туризмот. Одржливиот туризам преку развојот на туризмот придонесува за развој на самиот регион, стопанството во тој регион , но и пошироко, како и развој на општеството. Притоа одржливиот туризам ги развива еколошките, културно-социолошките, економските, комуникациските, правно-политичките, природните вредности карактеристични за локалното и поширокото опкружување.

Практично одржливиот туризам значи развој на факторите кои се важни подеднакво за индивидуите, општеството, но и за развојот на туризмот. Овие фактори имаа димензии од различна природа, а сит етие имаат заедничка цел на овзможување долгорочен развој одреден регион во целост. Основни фактори за одржлив развој во туризмот се:

- Фактори со еколошка димензија

- Фактори со економска димензија

- Фактори со социо-културолошка димензија

- Фактори со институционална димензија.

 ПРИРОДА

СОЦИО-КУЛТУРА

- Флора

- Фауна

- Геолошки својства на пределот

- Клима

- Демографски податоци

- Традиции

- Социо-психолошки информации

- Историски вредности

- Културни врдности

- Архитектура

СТОПАНСТВО

ИНСТИТУЦИОНАЛНИ РАМКИ

- Селски и занаетчиски производствени претпријатија

- Хотели, сместувачки капацитети

- Туристички организации

- Индустрија

- Закони

- Стратегии за регионален развој

- Локална политика

- Соработка со локалното население

Шуна Спировска

  • No labels