Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Шуна Спировска

Функционирањето и развојот на бизнисите денес е незамисливо без маркетинг. Меѓутоа, маркетингот не значи реклама или некоја промоција. Маркетингот е многу повеќе од реклама и промоција, затоа што тој во себе ги содржи промоцијата и рекламата и содржи уште многу други активности кои имаат за цел задоволување на потребите на купувачите преку што бизнисите ќе ги реализираат целите за профит.

Функционирањето и развојот на бизнисите денес е незамисливо без маркетинг. Меѓутоа, маркетингот не значи реклама или некоја промоција. Маркетингот е многу повеќе од реклама и промоција,затоа ш то тој во себе ги содржи промоцијата и рекламата и содржи уште многу други активности кои имаат за цел задоволување на потребите на купувачите преку што бизнисите ќе ги реализираат целите за профит.

Маркетингот не значи добро организирана продажна мрежа која на бизнисите ќе им овозможи произведеното да се продаде, затоа што произведеното ќе се продаде ако купувачите донесат одлука за купување на тоа што нудиме за продавање. Затоа,бизнисите на пазарот треба да понудат за продажба она што бараат купувачите. Купувачите се тие кои го оценуваат производот или услугата и таа оценка зависи од неговата продажба. Мора добро да се познаваат купувачите и нивните потреби. Фирмите не се во ситуација да одлучуваат што и како ќе произведуваат,тоа го одредуваат купувачите. Само производство за познати потрошувачи е успешно производство,затоа што тоа производство се продава и нема проблеми со профитот. Производство на производи чии купувачи не се познати е однапред осудено на неуспех.

Ова се добри причини за прифаќање и реализирање на маркетингот во бизнисите. Примената на овие и другите принципи и методи на маркетингот значи дека бизнисите се одредиле за маркетинг-концепт на функционирање.

Ова свртување кон потрошувачот е понов момент во функционирањето на претпријатијата, а е резултат на мноштвото производи и услуги со иста или слична намена. Свртувањето кон потрошувачот како пресуден фактор што, колку и како ќе се купи, односно ќе се продаде, во современите услови на работење е примарна работа за претпријатијата. За ваквиот приод во функционирањето на претпријатијата посебно е заслужна концепцијата сврзана со проблемите на продажба како севкупен нивен проблем сврзан со производството или услугите, а е препознатлива под името маркетинг.

Битно е да се каже дека маркетингот е многу повеќе од продажба и реклама. Маркетингот во себе ги опфаќа, ги содржи продажбата и рекламата, но неговата суштина и философија опфаќа и содржи многу повеќе работи. Најпрво потребно е да се каже дека зборот маркетинг потекнува од францускиот збор “маркет”-пазар и суфиксот “инг”кој се означува како акција (процес) и како производ или резултат на некоја акција или процес. Инаку татковина на маркетинг-концепцијата е САД, а нејзината појава има зачетоци со првите години од дваесеттиот век.

Полето на делување на маркетинг-концепцијата е претпријатието како организациски систем чие работење тргнува од желбите и потребите на потрошувачите. Исто така маркет­инг-философијата е еден општествен процес од интересот на потрошувачите и целата општествена заедница за функционирањето на претпријатијата.

Маркетингот е релативно нова концепција сврзана со работењето на претпријатијата. Меѓутоа, во центарот на вниманието на маркетинг-концепцијата е потрошувачот. Нејзината првобитна појава позната како стара маркетинг-концепција, е насочена кон добро организирана продажна мрежа, која треба да одговори на целта за поголем профит преку интензивирано и зголемено производство.

Новата маркетинг-концепција во центарот на вниманието ги става потребите и желбите на потрошувачите кои треба да одговорат на целта за поголем профит, преку ориентацијата на производството во функција на потребите на пазарот.

Маркетингот се дефинира како посебна философија или концепт за остварување на целите на претпријатијата преку ориентација на нивниот производствен или услужен процес кон потребите и желбите на потрошувачите.

СУШТИНА И ЦЕЛ НА МАРКЕТИНГ-КОНЦЕПЦИЈАТА

Маркетинг-концепцијата започнува и завршува со потрошувачите. Суштината на маркетингот се состои во тоа што поаѓа од потрошувачот, односно од пазарот и завршува со него. Производната или услужната програма на претпријатијата, според маркетингот треба да се ориентира кон пазарот, односно потрошувачот. Маркетинг-концепцијата на претпријатието е поврзан со постоењето на развиен пазар на кој слободно дејствуваат пазарните законитости. Насочувањето на маркетингот се однесува повеќе кон задоволување на интересите на купувачите отколку на бизнисот.

Маркетингот своите активности и цели ги гради преку програмската ориентација на производството или услугите во смисла на производство на производ или услуга за познати потрошувачи. Идентификацијата на потрошувачите се врши преку откривањето на нивните желби и потреби. Информациите за потребите и желбите на потрошувачите маркетингот ги добива преку маркетинг-истражувањето. Меѓутоа маркетинг-истражувањето не е насочено само кон откривање на пазарните потреби, туку и кон создавање на потребата за нови потреби. Маркетинг-истражувањето треба да даде корисни и точни информации за потребите и желбите на потрошувачите. Со маркетинг-истражувањето се остварува поврзување на потрошувачите со производителите. Врз база на маркетинг-информациите кои се добиваат со маркетинг-истражувањето, се создаваат маркетинг-акции. Маркетинг-информациите служат за донесување одлуки во врска со работењето на претпријатието. Спроведувањето на маркетинг-истражувањето се состои од собирање, обработка и анализа на информации во врска со потребите на пазарот и нивно доставување како потребна информација за стандардот на живеење.

Најопшто земено, маркетингот е своевидна креација и испорака за програмските одлуки на претпријатието. Суштината на маркетинг-концепцијата во работењето на претпријатијата, се однесува и на креирањето на неговите долгорочни цели. Преку тоа маркетинг-кон­цепцијата се поставува во улога на овозможувач за постигнување ефикасно и ефективно работење на претпријатијата. Суштината на маркетингот значи одредување програмирана стратегија за водење на претпријатието со примена на сите маркетинг-инструменти, што е познато како маркетинг-микс. Значи, маркетинг-миксот е составен од следните маркетинг­-инструменти:

- производот или услугата;

- дистрибуција - пласман;

- промоција (економска пропаганда, истражување на пазарот, брзина на одѕив и претстава за претпријатието);

- цена.

Овие инструменти се познати како контролирани фактори на маркетинг-концепцијата, во која имаат влијание и фактори чие делување не може да се контролира.

Во неконтролирани фактори спаѓаат:

- пазарот;

- културно и социјално окружување;

- политичко и правно окружување;

- економско и техничко-технолошко окружување;

- ресурси.

Примената на маркетинг-концепцијата е првенствена и неодложна работа во современото стопанисување на претпријатијата. Важноста за потребата од примена на маркетинг-концепцијата во претпријатијата може да се согледа од нејзините цели кои опфаќаат:

- задржување и подобрување на позицијата на пазарот;

- откривање нови пазари за постојните производи;

- исфрлање нови производи на постојните пазари;

- воведување нов производ на пазарот;

- планирано повлекување од одреден пазар.

Маркетингот во јавноста се препознава преку рекламата и продажната промоција. Меѓутоа рекламата и продажната промоција се само инструменти на маркетингот. Современото стопанисување на претпријатијата, маркетингот го прифаќа и го применува како специфична философија на насочување на целокупното нивно работење со цел да се помогне на потрошувачот да ги реши своите проблеми за задоволување на одредени потреби на начин со кој ќе бидат реализирани нивните цели.

Малите и средните бизниси,кои кај нас функционираат со многу тешкотии, своите проблеми ќе ги решат преку прифаќање на маркетинг-ориентација во своето функционирање. Тоа ќе им овозможи не само опстојување,туку и развој на бизнисот.

  • No labels