Skip to end of metadata
Go to start of metadata

НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
/ ПАЗАР НА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

Во рамките на овој сектор се врши:

  • увоз и извоз на сурова нафта и нафтени продукти,
  • транспорт на сурова нафта низ нафтовод,
  • преработка на суровата нафта,
  • производство на биогориво,
  • дистрибуција и продажба на нафтените продукти.

ПРИРОДЕН ГАС / ПАЗАР НА ПРИРОДЕН ГАС

Согласно Законот за енергетика, дејности од областа на природен гас, се:

  • трговија со природен гас;
  • пренос на природен гас;
  • управување со систем за пренос на природен гас;
  • дистрибуција на природен гас;
  • набдување со природен гас; и
  • снабдување во краен случај со природен гас. 

Наведените дејности може да ги вршат домашни и странски лица врз основа на издадени лиценци од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Согласно обврските од лиценците за вршење на енергетските дејности лиценцираните субјекти имаат обврска да доставуваат до Регулаторната комисија за енергетика месечни и годишни извештаи за своето работење.

ГА-МА АД Скопје, носител на лиценца за вршење на енергетска дејност пренос и управување со системот за пренос на природен гас е должен да обезбеди сигурно и безбедно работење на системот за пренос на природен гас, а кое се обезбедува со планирање, изградба и одржување на гасоводот, на мерно-регулациските станици и другата опрема, а исто така и со грижливо управување и вршење надзор на преносната мрежа и контрола на сите зафати во заштитниот појас на гасоводот.

Дирекцијата за ТИРЗ, носител на лиценци за вршење на енергетските дејности дистрибуција на природен гас, управување со системот за дистрибуција на природен гас и снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас е должен да обезбеди развој, одржување, како и сигурно и безбедно функционирање на системот на дистрибуција на природен гас за сигурна, квалитетна и безбедна испорака на природниот гас до корисниците.

ЈП Куманово Гас – Куманово, носител на лиценци за вршење на енергетските дејности дистрибуција на природен гас и снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас е должен да обезбеди безбедно и сигурно работење на системот со соодветно планирање, изградба и одржување на системот и сигурна, квалитетна и безбедна испорака на природниот гас до корисниците.

Во Република Македонија пазарот на природен гас се уште не е целосно либерализиран. Снабдувањето на тарифни потрошувачи приклучени на системот за пренос на природен гас во 2011 година се вршеше од страна на снабдувач со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за пренос на природен гас (МАКПЕТРОЛ ПРОМ – ГАС  ДООЕЛ Скопје).

Квалификувани потрошувачи на природен гас во Република Македонија се: ТОПЛИФИКАЦИЈА АД Скопје, ТЕ-ТО АД Скопје, како и КОГЕЛ СЕВЕР ДОО Скопје и  МАКСТИЛ АД Скопје кои се стекнаа со статус квалификуван потрошувач на природен гас во 2011 година.

  • No labels