Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

Либерализација на пазарот на електрична енергија во Македонија

ЕВН подготвува понуди

Стручњаците предвидуваат
дека малите фирми ќе најдат
и поевтина струја на
слободниот пазар  

19.05.2014

 Од есен 80.000 мали и средни претпријатија ќе можат да изберат од кого да купат струја. Стручњаците велат дека на отворениот пазар претпријатијата ќе можат да најдат струја по пониска цена. Ова се предвидува особено за помалите компании.

Сегашниот тарифен снабдувач „ЕВН Снабдување“ подготвува понуди  за   малите и средните компании што ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови и тоа прилагодено на нивните специфични потреби.

- Сепак, тарифата за дистрибутивната мрежа и натаму ќе биде регулирана од Регулаторната комисија за енергетика – информира „ЕВН Снабдување“.

Либерализација на пазарот на електрична енергија е предвидена во Атинскиот меморандум, чии потписник е и Република Македонија. Првата фаза од овој процес започна во 2007 година, а предвидено е, заклучно со следната година,  да заврши, кога сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

 


 

Градба од секундарен материјал   

Евтини привремени домови направени од рециклиранo дрво во Бангкок

 14.05.2014

 Понекогаш бизнисот бара градба на привремени објекти за чие градење често се плаќаат првокласни материјали, што ја поскапува цената на работата. На Далечниот Исток такви објекти се прават речиси без пари.

Овие евтини привремени домови во Бангкок , Тајланд, биле изградени како едукативен центар за бегалци и имигранти. Биле користени  локални материјали и рециклирано дрво од зградите на стариот град и во секоја  можат  да се сместат до 25 луѓе.  Секоја од овие куќарки има животен век од околу две години.

Објектите се направени од рециклирани дрво , кое чини 70 проценти од вкупните трошоци за изградба, а може да се продаде за 80 проценти од својата цена кога зградата ќе се размонтира. Материјал доаѓа од куќите од стариот дел на градот кои биле уништени. Употребата на рециклирано дрво не е само еколошки начин на градба, туку  ја подига свеста за сечењето на шумата и за илегалната трговија,  што го мачи локалното население.

Првиот дом бил изграден во 2012 година во рок од четири недели , со капацитет за сместување до 25 луѓе.  Внатрешноста на куќите е отворена и обезбедува полуприваност, а вклучува простор за складирање на личните работи.

 


Почна изградбата на подводниот тунел на Босфорот

02.05.2014 

 Почна изградбата на Евроазискиот тунел, на подводната патна комуникација под Босфорскиот теснец. На церемонијата дупчење на првите неколку метри подводен тунел присуствуваше и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Со изградбата на овој тунел, патувањето меѓу истанбулските населби и Казличешме и Гозтепе ќе се намали од 100 на само 15 минути возење.

podvoden tunel na bosfor_2

„Четири вакви тунели се наоѓаат во Њујорк и овозможуваат сообраќај со лесни возила, под вода; еден има во Куала Лумпур во Малезија, а сличен тунел има и во Франција. Ние сега донесуваме најмодерен и најразвиен подводен тунел во Истанбул“, рече премиерот.
Во пробивањето на тунелот ќе биде користена специјална дупчалка TBM (Tunnel boring machine) од тип Herrenknecht Mixshield . Таа е специјално произведена од страна на германската компанија Herrenknecht, исклучиво за потребите на овој проект, на барање на турско- јужнокорејскиот конзорциум Yapı Merkezi İnşaat ve Sanayi A.Ş. i SK Engineering & Construction Co. Ltd.

Yildirim Bayeizd е машински гигант со пречник од 13,6 метри, со должина од 120 метри и тој ќе копа 8 до 10 метри тунел дневно. Ќе работи на длабочина од 106 метри под Босфор, а со нејзината работа ќе биде премостена должина од 3,5 километри, меѓу Хајдарпаша станица и областа Канкуртаран.

„Овој проект е во моментов еден од најпредизвикувачките зафати во изградбата на тунели низ целиот свет“, смета Georg Schleer , проект менаџер во компанијата Herrenknecht .
По завршувањето на работите, низ тунелот во должина од 5,4 километри, на два ката во две ленти во двата правци ќе минуваат околу 120.000 возила. Патувањето ќе им биде дозволено само на мали патнички автомобили и миниавтобуси.

Работите на проектот, чијашто вкупна вредност се проценува на повеќе од 1,245 милијарди долари, треба да бидат завршени следната година. Со тунелот во следните 26 години ќе управува конзорциум на Avrasya Tüneli İşletme İnşaat ve Yatırım A.Ş. (ATAŞ), по што ќе биде предаден во надлежност на Генералната дирекција за инфраструктурни инвестиции (AYGM), која дејствува во рамките на Министерството за сообраќај, поморски работи и врски на Република Турција.

(Преземeно од Порта 3)

 

Штедење електрична енергија

LED цевките ќе ги заменат
застарените флуоресцентни цевки

14.05.2014

 Откако беа презентирани на Светскиот саем во Њујорк 1939 година и станаа познати по својата ладна сина светлина, компанијата Cree има за цел да ги потисне флуоресцентните цевки со својата нова серија T8 LED, кои ветуваат заштеда на енергија со значително подобрување на квалитетот на светлината.

LED осветлувањето  е докажано корисна алтернатива за флуоресцентната светлина, за економичност и подобро светлување. Новата серија T8 на компанијата Cree е дизајнирана да ги замени класичните флуоресцентни светилки.

Според компанијата Cree, T8 е способна да произведе светлина од 2100 Лумени по цевка за 21 ват енергија, или 3800 Лумени за светилка со две цевки. Со 30 проценти режим на штедење енергија, компанијата Cree тврди дека цевките сами  ќе се исплатат  за три години. Тие се речиси универзални  и Компанијата тврди дека има најдобар квалитет на бојата, која е во состојба да покрие темперетурен опсег на боите од 3500 до 4000 келвини. Компанијата тврди  дека T8 има век од 50.000 работни часови. Овие светилки сега се достапни во Канада и САД по цена од 30 американски долар.

  



Мeдитеранот располага со обновлива енергија

Кипар ќе предложи алтернатива за снабдување на Европа со гас 

13.05.2014

 Кипар би и предложил на Европа, алтернатива за снабдување со гас, е наведено од страна на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес за време на nеодамнешнатан посета на Берлин, со цел да се намали зависноста на земјата од рускиот природен гас. Една третина од побарувачката на ЕУ на гас е од Русија, од која половина поминува преку Украина, која е во расправија околу цената со рускиот извозник на гас „Гаспром“.

  

Според изјавата на Анастасијадес, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Кипар треба да биде енергетски центар  кој ќе помага да се намали зависноста од Русија. Кипар, објави суштински откритија на природен гас во 2011 година, откако Израел направи значителни откритија.Сепак, територијалните конфликти помеѓу Кипар и Турција би можеле да ја направат експлоатацијата комплицирана.

Природен гас од околу еден трилион кубни метри веќе се пронајдени во источниот Медитеран, басенот во близина на Кипар, доволно за да се обезбеди гас за Европа за повеќе од две години.

  



Семинар

Енергетски ефикасни котли и оптимизација
- 31 мај 2014 година

13.05.2014

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Енергетски ефикасни котли и оптимизација, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 31 мај 2014 година.

 Теми кои ќе се обработат на семинарот:...

- проток на енергија во системот и видови гориво

- утврдување на трошоци за енергија во процесите

- класични и алтернативни горива

- споредба на различни видови котли

- оптимизација на производствените загуби

- систем на пареа

повеќе информации и пријавување >>


  • No labels