Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

ГАСПРОМ, сепак, ќе го гради гасоводот

Почнуваме со "Јужниот поток"
во текот на летото
 

26.04.2014 

 Само овој проект може да даде гаранции за енергетската безбедност на Европа, тврди рускиот гигант.

Главните градежни работи на гасоводот "Јужен поток " на територијата на Бугарија и на Србија ќе почнат во текот на летото и првиот гас ќе биде доставен во крајот на 2015 година. Ова се вели во соопштението на управата за информации на рускиот гасен гигант „Гаспром“.

"Денес само "Јужниот поток" може да и даде на Европа реални дополнителни гаранции за енергетска безбедност ". Оваа изјава на шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, ја пренесува БГНЕС .

Договорот за испорака на опрема и материјали за градежно- монтажните работи и пуштање во работа на делницата на гасоводот во Бугарија ќе биде склучен наскоро. Во Србија се изведуваат слични работи, забележува прес-службата на „Гаспром“.

Се врши подготовка за полагање на цевките на морското дно. Во мај ќе почне испораката на цевки во Бугарија. Во јуни ќе почне работата на руското крајбрежје, а во јуни - на бугарското. Првите количества  гас ќе биде доставен во крајот на 2015 година.

Во Србија се подготвува меѓувладина спогодба за соработка при изградбата и експлоатацијата на крстосницата на "Јужниот поток " и на енергетските капацитети, се вели во соопштението.


 

Македонија: Станови 

Понудата расте, цената паѓа

25.04.2014

Во текот на 2013 година становите поевтинеле за повеќе од шест проценти во однос на 2012.

 Според Државниот завод за статистика, квадратот во 2013 имал просечна цена од 46.825 денари, или нешто повеќе од 760 евра, додека во претходната година чинел 49.941 денар, односно 812 евра.
Становите се најскапи во Скопје, а најголем пад на вредноста е забележан во другите градови. Додека во 2012 година становите во Скопје имале просечна цена од 954 евра квадрат, во 2013 таа паднала под 900 евра. Во другите населени места во државата е околу 600 евра квадрат. Според статистиката, најголем пад на вредноста на квадратот е забележан во второто полугодие на 2013, кога просечната цена е намалена за дури 12,5 отсто во однос на првата половина од годината, во Скопје за 8,1 проценти.


Како нè гледаат другите:
Анализа на Ал Џезира

Македонски парадокс:
Земјата на зеленчукот увезува храна

23.04.2014 

Телевизијата Ал Џезира истражува зошто во Македонија, иако растат субвенциите во земјоделството, расте и увозот на храна, со што се зголемува трговскиот дефицит. 

 Новинарот на Ал Џезира, Стефан Горановиќ, за Македонија вели дека има најголем потенцијал на Западниот Балкан за производство на храна, но...

...се прашува од каде излегува парадоксот земја што има такви можности се повеќе да троши пари за увоз на храна. Во текстот се вели дека државата располага со 600 000 хектари обработлива земја, а 200 000 хектари секоја година остануваат необработени.

„Просечното земјоделско семејство обработува 2,5 до 2,8 хектари, што е далеку под просекот на ЕУ од 17,9 хектари, се вели во тексот на Ал Џезира. Зејоделците велат дека и покрај зголемените субвенциите, секторот пропаѓа и дека политички неподобните не можат да дојдат до државните пари.

„Овдешните земјоделци се се повеќе загрижени поради тоа што производството од година во година се повеќе се намалува, а се повеќе пари се трошат за увоз на храна", јавува од струмица Горановиќ.

На крајот на текстот тој наведува податок што покажува дека во 2006 година,  кога субвенциите биле неспоредливо помали, Македонија увезувала храна за 350 милиони евра, а сега увезува за двојно поголема сума.

 


„Филип Морис“ презема 51%
од Тутунскиот комбинат Прилеп

Генералниот директор на Тутунскиот комбинат – Прилеп,  Александар Дерменџиев ја потврди информацијата дека се завршени преговорите и е оформен текстот за потпишување на договорот за стратегиско партнерство на Комбинатот со светски реномираната компанија „Филип Морис“.

 Според него, суштината на партнерството е формирање нова компанија, ново друштво со ограничена одговорност, бидејќи се двајца основачи.

Филип Морис ќе учествува со 51 отсто што му дава управувачки пакет. Прилепоскит тутунски комбинат ќе учествува со 49 насто.

Комбинатот во договорите е назначен како „контрактуелен производител“.

- Брендовите на комбинатот и дел од портфолиото на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во постојните капацитети на фабриката за цигари во комбинатот, вели Дерменџиев.

Тој објаснува дека, иако договорот не е директно поврзан со ДООЕЛ Тутун на комбинатот, „Филип Морис“, како еден од најголемите потрошувачи на ориенталскиот тутун, во договрот се обврзал секоја година од тутунскиот комбинат да откупува значителни количества тутун.

Договорот со Филип Морис значи стабилизирање на комбинатот, кој е на листата на загубари, работа и сигурност за 1.030 вработени, но  сигурност и за кооперантите-тутунари на комбинатот, вели Дерменџиев.

Партнерството со „Филип Морис“треба да се официјализира во јули.

 


СРБИЈА:
CEDEF конференција: Напредна технологија и финансирање во областа на Енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ)

16 април 2014, 11.00 h, Медиа Центар, Теразие 3, Белград

10/04/2014

Централнo Европскиот форум за развој CEDEF организира конференција Напредна технологија и финансирање во областа на ЕЕ и ОИЕ, која ќе се одржи под институционално покровителство на Министерството за енергетика, развој и заштита на животната средина на Република Србија.

 Целта на конференцијата е да се претстават:...
  • потенцијалите на Србија во областа на ЕЕ и ОИЕ и можноста за поголема ефикасност со користење на напредни технологии
  • практичната придобивка од технологија и опрема што ги користи обновливите извори на енергија како сончевата, ветерот, биомасата, вода, геотермална енергија и можностите за нивна примена во Србија
  • најновите технологии кои штедат енергија, ја намалуваат потрошувачката на енергија и придонесуваат за енергетска ефикасност, како што се ЕЕ во згради, клима системи 
  • планови и конкретни активности за да се зголеми користењето на напредни технологии во ЕЕ и ОИЕ
  • методи и извори на финансирање на новите технологии: Буџет на Фондот за енергетска ефикасност, ЕСКО договори, ЈПП, кредитни линии на комерцијални банки и други финансиски институции

Програмата на конференцијата може овде да се преземе.

Регистрирањето е без котизација и можете да се пријавите овде.


Србија:
Конференција за трговија со енергија 
Белград, Crowne Plaza HotelСреда 28 мај, 2014 година

08/04/2014

 На конференцијата ќе се проследи како созреваат енергетските пазари во Југоисточна Европа откако теоретски е воведена либерализацијата во трговијата со енергија. Но, практиката сеуште поставува некои специфични прашања, како што се:
  • Кога ќе пазарот на електрична енергија практично ќе фумкционира во регионот на Балканот?
  • Колку далеку во иднината ќе се случи Европска интеграција на пазарите на Југоисточна Европа?
  • Што можат трговците да очекуваат од влегувањето на овие пазари, и што тие можат да научат од искусните играчи на пазарите на Балканот?
  • Кои се можните замки на регионалниот пазар, и кои се неговите бенефити? 
  • Дали Хрватска и Србија ќе започнат со размена на енергија, и што тоа ќе значи тоа за играчите на пазарот?

Норвешка Montel - клучен провајдер на информации за европските пазари на енергија - ќе одржи специјална работилница за вредноста на корисни аналитички информациски решенија, неопходен инструмент за трговците со електрична енергија.


Мaкедонија:
Скапата енергија ја направи Европа лидер во енергетската ефикасност

1/04/2014

Развојот на зелената енергија и економија е тешка и комплексна задача, чие исполнување можеби ќе трае со векови. Но ако ја видиме состојбата во Кина, со сиот смог и загадување, и ја споредиме со Европа, знаеме дека сме го одбрале вистинскиот пат.

 Роберт Шмидт е претседател на конзорциумот на европски енергетски менаџери од Нинберг, Германија. Во Скопје, учествуваше на семинарот за енергетска ефикасност и за обновливи извори на енергија, организиран од Стопанската комора на мал бизнис.

Господине Шмит, што значи да се биде европски енергетски менаџер? Колку е тоа различно отколку да се биде американски, азиски или друг таков менаџер?

Европскиот енергетски менаџер е способен да ги исполнува стандардите и критериумите на Европа за енергетска ефикасност. Неговата примарна цел се индустриите што се енергетски интензивни, на кои се обидува да ги намали трошоците и потрошувачката на енергија, а со тоа да придонесе и за помали емисии на јаглерод диоксид како стакленички гас во атмосферата.

Македонија има мерки со кои се поттикнуваат домаќинствата да вложат во енергетската ефикасност и во обновливи извори. Како е во Европа, дали таму приоритет се дава на домаќинствата или на индустријата?

Дефинитивно на индустријата. Работата со домаќинствата е горе-долу решена, бидејќи при изградбата или при реновирањето на своите објекти тие мора да ги исполнат стандардите за енергетска ефикасност. Но примарно е да се реши проблемот на најголемите индустрии што најмногу трошат.

Како ви изгледаат потенцијалите за енергетскиот развој на Македонија?

Според географските карактеристики, соларната енергија и хидроенергијата имаат најголем потенцијал да се развиваат тука. Што се однесува до ефикасноста, малите и средни претпријатија се тие што особено треба да вложат во тоа, зашто така ќе си ги намалат трошоците и ќе си ја зголемат конкурентноста на пазарот.

Целиот текст на интервјуто со д-р Роберт Шмит, претседател на ЕУРЕМ Конзорциумот може да го прочитате во мартовското издание на списанието ПОРТА 3

преземено од Порта 3 


Иновации во архитектурата

Хотел од рециклирани контејнери

29.04.2014

 Архитектонската фирма OVA Studio од Хонг Конг дизајнира „Hive-Inn“ ("кошница- Ин"), концепт на хотел со чуден изглед, направен од шарени контејнери.

Проектот беше направен за учество на конкурсот  Radical Innovation Awards Competition 2014.  Смелата структура е направена од делови кои можат да се менуваат во зависност од потребите на хотелот. 

   

 Секој транспортен контејнер е тематски дизајнирани, инспириран од меѓународните брендови како што се Ферари и Луис Витон, за да им се овозможи на гостите да изградат поблиски односи со своите омилени брендови.

Контејнерите лесно можат да се внесат или да се отстранат од кулата. Металната рамка гарантира стабилноста на кулата, без разлика на распоредот на контејнерите во неа.

Флексибилноста и мобилноста на дизајнот е исто така интересна и дава многу  визуелни можност за брендирање, при што големите брендови, како што се Фереро, можат да спонзорираат проектирање и изградба на различни тематски контејнерски хотелски соби.

Во прилог на проширувањето на пазарот за обожавателите на брендови, архитектите , исто така, предвидуваат и други карактеристики на овој концепт. Кога транспортниот контејнер ќе се повлече од употреба, тој може да биде дистрибуиран и се користат во областите погодени од елементарни непогоди . Гостите исто така можат да ги купат контејнерите како мобилни станови и канцеларии.


 

Балкански железнички врски

Обновување на релацијата
Софија - Солун од 10 мај

26.04.2014  

Оваа железничка врска беше прекината пред 3 години од грчката страна поради недостиг на средства за одржување.

 Возовите меѓу Софија и Солун повторно ќе почната да сообраќаат од 10 мај. Грција реши да ја обнови железничтакта патничка врска со Бугарија соопштуваат локалните медиуми.

Железничката врска беше прекината пред три години, кога Владата во Атина зклучи дека нема средства за нејзино финансирање. Раководството на Државната железничка компанија "Треносе" сепак реши да го врати секојдневното патување по должината на линијата, како за Софија, така и за Скопје и Белград.

Обновата на врската може да доведе и до корекција на цените на автобуските билети кои досега држеа монопол на линијата.

Возот за Софија ќе тргнува во 6:55 часот секое утро од Солун, а во спротивна насока - од Софија во 15:20 часот. Цената на билетот ќе изнесува 17.80 евра, а за двонасочен - 35 евра. При резервација до 15 дена пред патувањето цената на двонасочниот билет ќе биде 25 евра.

Откако ќе пристигнат на станицата во Солун, Бугарите ќе можат да го продолжат патувањето до Атина по половина час.  Грчката железничка компанија очекува на овој начин да се зголеми туристичкиот промет кон земјата од балканските држави. Затоа и стартот е на почетокот на туристичката сезона.

 


Дали далекуводот кон Албанија е штетен за животната средина?

23.04.2014

Општините Битола и Новаци денеска организираа јавна расправа за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот на МЕПСО за изградба на 400 киловатен далекувод меѓу Македонија и Албанија.  

 Студијата е јавно објавена на веб-страницата на Министерството за животната средина со цел да се најде соодветен коридор за далекуводот, односно...

...патеката со која ќе се избегнат населените средини и националните паркови и електромагнетното зрачење и негативното влијание врз птиците како ранлива категорија.

- Овој проект во голема мера ќе ја подобри ситуацијата со електроснабдувањето и целиот југозападен регион ќе биде внесен во систем со соседна Албанија. Тоа што како општини го баравме, а во интерес на инвеститорите, со овој проект на МЕПСО се остварува и зголемува капацитетот за снабдување со електрична енергија на компаниите, но и градовите во овој регион, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески.

МЕПСО информира дека новиот далекувод, инвестиција вредна околу 43 милиони евра, е од стратешко значење бидејќи со него се затвора интерконекцијата на Република Македонија со соседните држави, односно и со Албанија бидејќи веќе се реализирани врски со Бугарија, Грција и со Косово а наскоро МЕПСО ќе ја гради 400 киловолтната врска со Србија.

 


Александр Медведев: Ќе го направиме „Јужен поток“ во договорениот рок

Александр Медведев, заменик претседател на ОАД „Гаспром“, и генерален директор на „Гаспром- екпорт“, фирма-ќерка на „Гаспром“ одговорна за транспорт на гас, за италијанскиот весник „Панорама“ потенцира дека проектот „Јужен поток“ „Гаспром“ е способен да го изгради и да го пушти пушти во зададениот рок.

 Единствената опасност се состои во тоа што во Европа не сфаќаат докрај какви се предности ќе им донесе „Јужниот поток“.

Сега е моментот кога станува сосема јасно колку на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас, за да стане сосема независен од транзитните држави - вели Медведев.

Значителен дел од нашите акционери, всушност се корпоративни и индивидуални инвеститори од САД и од Велика Британија. Руската влада е наш најголем акционер, но, не е и единствен. Нашите акции се продаваат на светските берзи. И сите наши акционери, чија бројка е над половина милион, меѓу нив и владата на Русија, се заинтересирани, зашто „Гаспром“ да носи профит. Затоа сме принудени да настојуваме Украина да ги плати сите свои сметки за гас и јас сум зачуден зошто овој едноставен факт се уште не наишол на вистинско разбирање во Германија, вели Медведев.

 


„Јужниот поток“ не е приоритет
за Европската унија

Европската унија не разгледува запирање на проектот „Јужен поток“, но изградбата на гасоводот не е приоритет.

 - Европската комисија поддржува изградба на кој било гасовод под услов тој да се гради според европски стандарди, изјави за Танјуг Сабин Бергер, портпаролката на еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер.

Портпаролката одби да ги коментира наводите на британскиот весник „Телеграф“ дека претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо во рамките на посетата на Бугарија најавил замрзнување на проектот Јужен поток. Според неа, сепак изградбата на гасоводот моментално не е приоритет за ЕУ.

- Наш приоритет е да најдеме нови земји што извезуваат гас со цел да се зголеми диверзификацијата на снабдувањето со гас, истакна Бергер.

 


Македонија:
Семинар: Трговија со енергија и набавка на енергија - 25 април 2014

11/04/2014

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, ги повикува заинтересираните да присуствуваат на претстојниот семинар за трговија со енергија и набавка на енергија, кој ќе се организира во рамките на проектот EUREM Plus во Скопје на 25 април 2014 година.

 Теми кои ќе се обработат на семинарот се:..
  • запознавање со директивите на ЕУ за пазарот за електрична енергија и гас - Закон за енергетика
  • надоместок за обновливо производство на електрична енергија
  • набавка на енергија и трговија со енергија (учесници на пазарот и нивните улоги - трговци, брокери, известувачи за цени) 
  • фактори на понуда и побарувачка кои влијаат на цените (краткорочно и долгорочно) - нестабилност на цената (сезонски, неделно, тековно)
  • пазари за тргување со електричната енергија
  • либерализација на пазарот со електрична енергија и пазарот со гас
  • набавка на енергија во индустријата
  • тргување со емисии (директива на ЕУ за тргување со емисии, доделување сертификати и распределба на трговијата, проекти за намалување на емисиите)

повеќе информации и пријавување >>


Србија: 
Меѓународен саем за градежништво - 8 до 12 април 2014 во Белград, Р. Србија

02/04/2014

Меѓународниот саем за градежништво (SEEBBE) ќе се одржи од 8-12 април по 40 пат.

 Најголемата манифестација од областа на градежништво во Југоисточна Европа под мотото „Градете по Ваша мерка„ ќе ги собере бројните домашни и странски учесници, чии позитивни очекувања се потврдуваат од година во година.

За тоа сведочи нивното присуство, како и престижното признание за членство во Унијата на межународни саеми - UFI  со седиште во Париз , соопштува организаторот на саемот.

 

 

 

 

  • No labels