Skip to end of metadata
Go to start of metadata

 

Италија: 
Подготвени за извоз
на гас во Источна Европа
 

20/03/2014

Италијанската компанија-SNAM, една од најголемите Европски компании за транспорт на гас, е подготвена да пренесува увезен гас во Источна Европа, почнувајќи од 2015 како резултат на новата гасна транспортна инфраструктура , имајќи предвид дека снабдувањето со руски гас Европа е под закана со зголемување на кризата во Украина.

 Околу 90 % од локалната побарувачка на енергија во Италија е покриена од снабдувањето со гас кој потекнува од Северна Африка, Холандија и Русија, сепак Италија, која е исклучително зависна од странски гас, досега не беше во можност да извезува гас.

Околу 700 милиони евра ( 974.000.000 $ ) се планирани од страна на италијанскиот превозник на гас оваа година за изградба на капацитет со двонасочен проток во северниот дел на земјата . Carlo Malacarne, извршниот директор на Snam, проценува дека Италија ќе извезува 2 милијарди кубни метри гас до 2015 година, и 8 милијарди кубни во 2017 година. Исто така, дневниот капацитет за извоз до 2015 година во Северна Европа се проценува на околу 5.000.000 стандардни кубни метри и за североисточниот дел на Европа  18 милиони стандардни кубни метри. Намерата на Европа за изградба инфраструктура со обратен-проток ќе ја намали зависноста на ЕУ од рускиот гас и ќе го олесни транспортот на гас од други земји, како што се Азербејџан и Африка. Минатата година, Eni, најголемата нафтена компанија во Италија, реши да го ограничи увозот на гас од Алжир, а оттогаш, земјата стана се повеќе и повеќе зависи од рускиот гас. Во моментов, секојдневно од Русија тече гас за повеќе од 50 % од потребите на Италија. Snam , која го контролира регулираниот транспорт на гас, дистрибуција и складирање, има намера да потроши околу 6 милијарди евра во периодот 2014-2017 за проширување на италијанската гасна мрежа, со цел да се поттикне вистинска интерконекција на Европските мрежи.


Хрватска:
Започна програмата за енергетска реконструкција на семејни куќи

28/03/2014

Со 207 милиони куни ќе бидат обновени 2000 семејни куќи ќе се заштедат 24 милиони куни годишно.

 Презентирана е програмата на реконструкција на семејни куќи за период од 2014 година до 2020 година

Целта на програмата е да се  обноват по 2000 семејни куќи годиншно во Хрватска, и тоа е инвестиција од 207 милиони куни годишно, додека планираните енергетски заштеди се проценуваат на 24 милиони куни годишно, а намалувањетона емисијата на СО2 за околу 14.500 тони годишно. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност во кој сега се предвидени 50 милиони куни. Други извори на средства се од буџетите на градовите, општините и окрузите, европските фондови, средствата на граѓаните. "Програмата е фокусирана на енергетска реконструкција на семејни куќи , бидејќи тие опфаќаат 65 % од станбениот фонд во Хрватска , а повеќето од нив се изградени пред 1987 година и речиси немаат или имаат само минимална топлинска изолација. " - рече министерката Mrak Taritaš и додаде дека тоа е" логично продолжение на програмите на енергетска реконструкција на згради, за што неодамна е објавена програма за јавниот сектор„ . Во оваа насока се опфатени и станбените згради и објекти во комерцијалниот сектор ", изјави Mrak Taritaš . "Оваа програма на најконкретен можен начин покажува колку грижата за човековата околина носи директни придобивки за граѓаните и бизнисите. Програмата за реконструкција на семејни куќи  во Хрватска во следните години  ќе ги подобри условите за живот и ќе ги намалува трошоците за енергија. Програмата ќе обезбеди неколку илјади работни часа за локалните претпријатија и бизниси "-  рече министерот за заштита на животна средина и природата Mihael Zmajlović .

 преземено од Energеtika-net 


Украина: 
LNG пазарите може да бидат 
нарушени во случај на пореметувања
во снабдувањето со гас
 

25/03/2014  

Глобалните пазари на течен природен гас (liquefied natural gas LNG)  ќе бидат нарушени поради можните проблеми  на снабдувањето со руски гас преку Украина поради што јужна Европа треба да се натпреварува со Азија со цел да ја задоволи побарувачката на LNG, според ВWood Mackenzie consultancy. 

 Аналитичарите го испитуваат ефектот на можните нарушување на Европските и Азиските LNG пазари оваа пролет и нарушувањата во текот на зимата 2014-2015.

Тие проценуваат краток прекин на снабдувањето со руски гас во Украина, што е многу можно имајќи предвид дека земјата не беше во можност да ја плати својата последна сметка  за гас, но сепак ова може да се случи во пролет, кога побарувачката за гас е пониска отколку во зима. Компаниите ќе се обидат да се бараат други извори , сметајќи на LNG увоз , во случај на прекин во снабдувањето . Потенцијален двомесечен прекин на снабдувањењ оваа пролет ќе доведе до посериозни зголемување на цените на гасот во јужниот дел на Европа, главно Грција и Турција, кои ќе имаат потреба околу 2 милиони тони LNG , за да се задоволи побарувачката на гас . Во случај на посериозно нарушување на околу 6 месеци во текот на зимата 2014-2015 , неколку други земји исто така ќе имаат потреба од LNG, но побарувачката ќе биде ограничена на околу 5 милиони тони , поради солидните складирани Европски залихи.

 преземено од EnergyMarketPrice


 

  • No labels