Skip to end of metadata
Go to start of metadata

Пирамида

Слободан Софески

Дали човештвото и цивилизациите се судбинска последица на природата која има четири триаголни страни. Зошто е триаголникот судбински за опстанокот на човештвото? Како инаку да се третира оддржливиот опстанок на човештвото и природните ресурси.

Енергетските ресурси не се рамномерно распределени на Земјата. Некои  ги имаат во изобилство, други ги користат крајно нерационално. Судирот на овие две опции е постојан. Последиците се: постојани војни на цивилизациите, а како резултат на нерационалното користење на енергетските ресурси и на обновливите енергетски извори, сведоци сме на нарушување на животната средина, столбот на оддржливиот опстанок на планетата земја.

Безобѕирната експлоатација на енергетските ресурси од една страна обезбедува висок степен на економски развој на определени држави, за што се залагаат тие, со сите можни средства. Но, со тоа рамнотежата на триаголникот Економија-Енергетика-Екологија постојано е нарушен. Во предност се економските привилегии на само одреден борј жители, не сметајќи дека планетата Земја е една и дом на сите нејзини жители.

Ваквиот однос и размислување не е сао на глобален план. Таквото размислување почнува од најмалата заедница, семејството и така натаму. Сите не размислуваат за последиците од нарушувањето на оддржливиот опстанок на секое битие, човечко или било кое друго.

Зошто нашите предци ја направија пирамидата? Зашто сакаа да се приближат до сонцето кое е основен и непресушен извор на енергија. Зошто четирите страни на пирамидата и четирите страни на светот се судбински определни за опстанок и рамнотежа. Зошто човековото битие постојано ја нарушува оваа рамнотежа?

СИТЕ статии, коментари и осврти

ВИДЕО содржини

  • No labels