Skip to end of metadata
Go to start of metadata


ЗАДАЧИ за учесниците во обуките

За да добијат сертификат за Европски Energy Manager и да станат член на EUREM заедницата, учесниците на EUREM програмата треба да ги исполнат следниве задачи:

  • присуство на EUREM предавањата (задолжително присуство)

  • успешно завршување на писмениот тест (траење од 2 часа)

  • изработка на енергетски концепт за енергетска оптимизација во компанијата (проектна работа)

  • презентирање на енергетскиот концепт пред жирито

  • употреба на електронскиот форум (eForum)

КВАЛИФИКАЦИИ за учесниците во обуките

  • основно познавање на енергетската технологија
  • работно место со функција на ниво на управување (второ или трето хиерархиско ниво) или директен пристап до донесувачите на одлуки (пристап до менаџментот, можност за поднесување проектни предлози)
  • добро познавање на производството и енергетски релевантните процеси
  • искуство во оперативниот енергетски концепт
  • AOP познавање (Windows, Word, Excel)
  • интензивно професионално искуство

ВЕШТИНИ кои треба да ги стекнат
учесниците во обуките

За да ги постигнат целите на обуката (намалување на енергетските трошоци),
учесниците до крајот на обуката треба да се стекнат со следниве вештини:

  • способност за анализирање на енергетската ситуација
  • способност за развивање технички проекти за заштеда

  • способност за „продавање“ на проектот до врвниот менаџмент
    (можност за враќање на инвестицијата)

  • проектно иницирање и координација

  • оценување и обезбедување на зададените заштеди

  • одржување континуиран процес за подобрување

Меѓународен сертификат за European Energy Manager


Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

  • No labels