Versions Compared

Key

  • This line was added.
  • This line was removed.
  • Formatting was changed.
Excerpt

ВЕСТИ за економија, екологија, енергетика - енергетска ефикасност

 

 

Tip

Без регистрирање
- отворена страница



ВЕСТИ со најнови информации од Македонија и регионот за проекти и настани
од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија 

КОЛУМНИ и АНАЛИЗИ на проектите низ призмата
на економијата, екологијата и енергетиката

 


Македонија

МАКЕДОНИЈА

Македонски енергетски ден 2016

01.07.2016

Комората на мал бизнис одржа годишно собрание. „Комората ќе работи на групирање на компании во групации, кластери и конзорциуми, со цел да се овозможи покредибилен настап на македонскиот пазар, но и на регионалниот и на европскиот пазар. Целта е полесно добивање грантови од европските фондови, односно полесно планирање на сопствената иднина“, изјави новоизбраниот претседател на Собранието на Комората, доц. д-р Катерина Вељановска-Блажевска. Комората воведува и нов Центар за финансирање и менторска поддршка.

Комората е мошне активна во посредување во бизнисот, со главно дејствување насочено во областа на енергетиката, со посебен акцент на програмите од областа на енергетската ефикасност. Проектот EUREM MK досега произведе 30-тина европски енергетски менаџери со меѓународен сертификат.

Widget Connector
width500
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=ypbEzQYkDTY
height325


 

Велика Британија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Brexit создава двосмислена иднина за Европскиот карбон пазар

27.06.2016

Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската Унија го постави прашањето за иднината на најголемиот карбон светски пазар и стравувањата дека тоа би можело да придонесе до намалување на цените.

Велика Британија е вториот најголем емитер на стакленички гасови во Европа и, како резултат на нејзините активности, е меѓу најголемите купувачи на дозволи во системот на ЕУ за трговија со емисии (ЕТС), кој им наплаќа на електраните и фабриките за секој тон на јаглерод диоксид (CO2) кој тие го ослободуваат. Со ставањето под знак прашање за учество на Велика Британија во ЕТС системот, ЕУ карбон цените паднаа за  над 10%, во петокот наутро, постигнувајќи најниско ниво од март оваа година.

повеќе >>


 

Македонија

МАКЕДОНИЈА

Презентација на проекти и проектни идеи
за енергетски ефикасни објекти

20.05.2016

Организаторот ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност
при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија
ве повикува на учество на Македонскиот eнергетски ден 2016 - 18 јуни 2016 година.

Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија. 

Македонскиот енергетски ден е дел од мрежата на настани  EUSEW 2016 Energy Days - оваа година организирани под мотото Building the energy union together. EUSEW - European Sustainable Energy Week e иницијатива на Европската Комисија. 

повеќе >>


 

Германија

ГЕРМАНИЈА

Конкурс за говорници - Конференција на енергетски менаџери во Берлин

20.04.2016

Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK ги повикува сите тренери и сертифицирани учесници на обуката EUREM во Македонија, како и учесниците на тековната група и пријавените за учество во новата априлска тренинг-група на EUREM, да пријават интерес за учество на претстојната VII Интернационална конференција на европски енергетски менаџери во Берлин.

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој поддржува спонзорство на заинтересирани македонски организации и претпријатија за активно учество и промоција или учество како публика на претстојната конференција.

На 24 и 25 октомври 2016 година (понеделник и вторник) Асоцијацијата на германски стопански комори (DIHK) и Интернационалниот ЕУРЕМ конзорциум ја организира VII Интернационална конференција на европски енергетски менаџери. После конференциите одржани во Нирнберг, Виена и Прага, овојпат местото на настанот е во „куќата на германската економија” Берлин (DIHK).

повеќе >>


 

МАКЕДОНИЈА

Проектна работилница и семинар - GREEN IT: Одржливо аплицирање на информатичка технологија - Environmentally sustainable application of information technology

15.04.2016

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK, на 7 мај 2016 година, организира иницирачка проектна работилница и семинар - GREEN IT: Одржливо аплицирање на информатичка технологија - Environmentally sustainable application of information technology.

Соработката со Националниот конзорциум заинтересираните можат да ја остварат како придружни членови или како подизведувачи на проектите.

повеќе >>



ГЕРМАНИЈА

EUREM Macedonia во конзорциум за проектот на Европска банка за обнова и развој - Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus)

15.03.2016

Конзорциумот е составен од петмина интернационални партнери со 16 интернационални експерти, Berliner Energieagentur GmbH, e7 Energie Markt Analyse GmbH, Prognos AG, Wolf Theiss, Institut Josef Stefan и тројца локални експерти: Prof. Dr. Dušan Gvozdenac (Serbia, University of Novi Sad), Edward Sofeski (Macedonia, EUREM Macedonia) и Dr. Haris Lulic (Bosnia-Hercegovina, University of Sarajevo).

Конзорциумот е наменет за поддршка на регионалната програма REEP Plus на EBRD за поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност, особено во резиденцијалниот сектор, во шест земји на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија). повеќе >>

 

Expand
titleRead more (English)...

The EBRD aims to continue to lay the foundations for and support energy efficiency investments in six Western Balkans countries (Albania, Bosnia and Herzegovina, Kosovo, FYR Macedonia, Montenegro, Serbia), particularly in the residential sector by establishing Regional Energy Efficiency Programme Plus (REEP Plus).

The aim of the Programme is to provide policy support to the governments in the Western Balkans to eliminate market barriers to energy efficiency, and accelerate the take up of energy services. This will involve work across several themes that will be refined in consultation with the Energy Community Secretariat’s Energy Efficiency Coordination Group, regional stakeholders and government officials.

Consortium offers to draw on its vast experience in the development of energy efficiency policies and energy services markets to fulfil the present assignment. Incorporating national and international experts from different disciplines, including lawyers, economists, energy engineers, energy market experts and energy efficiency policy experts, our consortium is made up of 5 international partners with 16 international experts: Berliner Energieagentur GmbH, e7 Energie Markt Analyse GmbH, Prognos AG, Wolf Theiss and Institut Josef Stefan .

Furthermore, the following 3 local experts will collaborate (via subcontracts) within the consortium: Prof. Dr. Dušan Gvozdenac (Serbia, University of Novi Sad), Edward Sofeski (Macedonia, EUREM Macedonia) and Dr. Haris Lulic (Bosnia-Hercegovina, University of Sarajevo).


 

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

WEBINAR: Нискоенергетски станбени згради

29.02.2016

На претстојниот webinar ќе се презентираат практични студии на случај и ќе се демонстрираат корисни алатки за употреба во проекти за подобрување на енергетската ефикасност во станбени згради од претставници на Changeworks, UK; Centre for Sustainable Energy, UK и e7 Energie Markt Analyse, Austria.

повеќе >>


 

МАКЕДОНИЈА

Семинар БИОГАС ПОСТРОЈКИ во рамките на Македонскиот ден за енергетска ефикасност 2016

12.02.2016

Семинарот Биогас постројки ќе се организира во рамките на Македонскиот ден за енергетска ефикасност 2016 во Скопје на 27 февруари 2016 година.

Видови на биомаса, содржина и достапност во Македонија, инвестиции во биогас системи и компоненти, модулирани биодигестори, складирање на биогасот и/или производство на електрична и топлинска енергија се дел од темите презентирани од релевантни експерти.

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.

повеќе >>


 

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Глобалните инвестиции во обновлива енергија достигнаа рекордни 329 милијарди долари во 2015 година

15.01.2016

Инвестициите во чиста енергија остварија светски рекорд од 329.3 милијарди долари во 2015 година, со што инвеститорите го отфрлија намалувањето на цените на фосилни горива и валутни флуктуации и инсталираа досега највисок износ на зелени капацитети на енергија, како што е прикажано во истражувањето на Bloomberg New Energy Finance.

 

Најмногу инвестиции во обновливите извори на енергија во 2015 година беа направени од страна на Кина или 110.5 милијарди долари, што е 17 отсто повеќе отколку во 2014 година. Во другите пазарите во развој, исто така, се регистрирани значајни инвестиции, како што се Јужна Африка, Чиле и Мексико. Инвестициите во чисти извори на енергија, како што се ветерот и сончевата енергија, беа 4 проценти повисоки од 2014 година и речиси шест пати повеќе од инвестициите во 2004 година. Инсталираните капацитети на обновливи извори се 30 отсто повеќе отколку во 2014 година, со 64 GW ветер и 57 GW на сончеви фотоволтаични (PV) капацитети пуштени во употреба минатата година. Зголемувањето се случи и покрај тоа што паднаа цените на нафтата и природниот гас, европската економија остана слаба и американската валута засилена, со што се намали вредноста на доларската вредност  на не-доларските инвестиции.

повеќе >>


 

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Најчесто користени извори
на енергија во светот

22.12.2015

На страните на Energy Business Review се објавени најкористените светски извори на енергија, врз основа на учеството на секој извор за глобалната потрошувачка на енергија во изминатите пет децении, според проценките на BP.

НАФТА - 39% - се смета дека нафтата претставува 39% од вкупната светска енергетска потрошувачка

ЈАГЛЕН - 28% - јагленот е едно од најбрзорастечките фосилни горива кои се користат во светот поради брзата индустријализација на Кина

ГАС - 22% - потрошувачката на гас се зголеми со просечна стапка од 2,4% во последните десет години 

повеќе >>


 

МАКЕДОНИЈА

Колку можете да заштедите? 

14.12.2015 

Објавен е промотивен видео запис EUREMplus Video Macedonia од реализацијата на обуката за eвропски eнергетски менаџер (EUREM).

Видеото е објавено на каналот EUREM - European EnergyManager на YouTube, заедно со уште девет видеа од Германија, Австрија, Полска, Хрватска, Чешка, Романија, Кипар и Бугарија, земји каде се реализираат обуките за EUREM.

Widget Connector
width500
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=yDwAI97oqxs
height325


 

БУГАРИЈА

Бугарија и Грција - договор со мастило
за да започне изградба на гасовод

11.12.2015

Бугарија и Грција потпишаa инвестициски договор за изградба на гасовод за природен гас, за да се помогне на Бугарија да ја намали нејзината речиси целосна зависност од рускиот гас.

Цевководот од 180 километри (110 милји) ќе биде изграден со бугарско-грчко заедничко вложување, во кое, исто така, учествува и италијанскиот енергетски конгломерат Edison SpA. По неколку години одложувања, изградбата на Interconnector Greece-Bulgaria (IGB), со почетен годишен капацитет од 3 милијарди кубни метри, најверојатно ќе започне во октомври 2016 година. Гасоводот ќе експлоатира гас од Азербејџан, а ќе биде во можност да се пренесе и гас од грчкиот терминал за течен природен гас (LNG) по 2018 година, кога се предвидува да почне со работа.

Многу е веројатно дека ќе чини околу 220 милиони евра, а ќе биде делумно финансиран од грант од 45 милиони евра од ЕУ. Бугарската државна енергетска холдинг-компанија  BEH има учество од 50 отсто во заедничкото претпријатие, додека грчката државна енергетска компанија DEPA и Edison поседуваат по 25 отсто. Приклучокот за гас со Романија се очекува да биде готов до средината на 2016 година. Врската со гасовод со Србија, исто така, треба да се оствари во 2018 година, согласно со Министерството за енергија.

повеќе >>


 

ЕГИПЕТ

КОСМО Иновативен Центар на Конференцијата „Improving Sustainability Concept in Developing Countries" во Каиро, Египет

06.12.2015

Представникот на КОСМО Иновативен Центар, м-р Емилија Софеска, го презентираше својот труд „Relevant Factors in Sustainable Urban Development of Urban Planning Methodology and Implementation of Concepts for Sustainable Planning“, како дел од сесијата Sustainable Urban Design модерирана од Prof. Adolf Sotoca и Prof. Iman Abdelgawad.

Меѓународната конференција се реализираше од 5 до 7 декември 2015 година во организација на IEREK (International Experts for Research Enrichment and Knowledge Exchange), со учесници од 24 земји од Азија, Африка, Европа и Америка. Освен од Македонија, Европа на конференцијата ја претставија и учесници од Холандија, Велика Британија и Турција.

IEREK е меѓународна институција која се занимава со размена на знаења и подобрување на истражување преку организирање и управување со конференции во сите области на знаењето. КОСМО Иновативен Центар е дел од меѓународната мрежа на енергетски менаџери EUREM, а конференцијата во Каиро е прилика за воспоставување поблиска соработка со претставникот на Египет во EUREM мрежата - Германско-арапската индустриска стопанска Комора во Каиро

повеќе >>


 

ЕВРОПСКА УНИЈА

Европска листа за потрошувачка
на примарна енергија по жители

20.11.2015

Вкупната потрошувачка на примарна енергија пријавена во оваа табела ја вклучува потрошувачката на нафта, сув природен гас, јаглен и на нето нуклеарна, хидроелектрична и нехидро електрична обновлива енергија. Вкупната потрошувачка на примарна енергија за секоја земја, исто така, го вклучува и нето увозот на електрична енергија (увоз на електрична енергија минус извозот на електрична енергија).

Луксембург е речиси целосно зависна земја од увоз на енергија, главно нафта и гас. Потрошувачката на енергија е зголемена за 32% од 1990 година до 2014 година.

повеќе >>


 

АВСТРИЈА

ЛУКОИЛ го префрли холдингот
од Амстердам во Виена

30.10.2015

Руската компанија за нафта и гас го релоцира седиштето на холдингот Lukoil Lubricants International Group од Амстердам до Виена. Лукоил планира преку своето седиште во Виена да го прави најважниот бизнис интерфејс за своите меѓународни активности. „На поволна географска локација, во срцето на Европа, добрите услови за живеење и стабилните даночни прописи се силни аргументи во корист на Виена како бизнис локација“, вели извршниот директор Wagit Alekperow.

 повеќе >>


 

САД

Климатизационен систем напојуван со соларна енергија во Desert Mountain High School, Scottsdale, Arizona

05.10.2015 

Соларни колектори со површина од 4.800 м2 напојуваат климатизационен систем за разладување. Статистиката вели дека Сонцето свети 312 дена во годината во Scottsdale, Arizona, а температурата се подига и до 46oC. „Не може да се предава и учи без климатизација“, вели директорот на училиштето. 

Системот припаѓа не само на училиштето, туку и на австриската компанија Solid, која има потпишано договор за управување со системот во период од 20 години. „Ние ги правиме пресметките за системот во Австрија и го следиме и управуваме функционирањето преку интернет“, објаснува Christian Holter, сопственик на Solid. За составување и монтирање на системот беа задолжени локални компании во САД.

 повеќе >>


 

АВСТРИЈА

Maturus Finance се прошири во Австрија

22.09.2015

Германскиот финансиер Maturus Finance GmbH се прошири во Австрија, од каде ќе нуди алтернативно финансирање на компаниите. Maturus Finance GmbH е финаниска компанија независна од банките, која нуди иновативен пристап во корпоративнот работење.

Провајдерот на на финансиски услуги е точка на контакт за среднo-големи производни компании, кои бараат алтернативи за постојните банки во контекст на нивните финансиски структури, а што имаат за цел да се прошири нивната претприемничка флексибилност и простор за маневрирање.

повеќе >>


 

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

Jавните згради како промотивен пример
во согласност со Директивата за енергетска ефикасност (EED) - обврски според членот 5 од EED

10.09.2015

Членот 5 од Директивата за енергетска ефикасност (EED, Директивата 2012/27 / ЕУ) ja надополнува Директивата за енергетски карактеристики на згради (EPBD, Директивата 2010/31 / ЕУ) во однос на реновирање на постојните јавни згради.

Додека EPBD поставува минимум барања за енергија за сите згради кои се подложени на големо реновирање, членот 5 од EED поставува обврски за реновирање јавни објекти и наметнува одредени обврски. Директивата, исто така, нагласува дека владите треба да преземат улога на промотор со примери во енергетскoто осовременување на јавните градежни објекти во своите земји.

повеќе >>


 

РОМАНИЈА

Доделување EUREM сертификати
во Романија

31.08.2015

На церемонијата на примопредавање на сертификати за европски енергетски менаџер, успешното завршување на првата класа на дипломирани студенти на европскиот курс на енергетски менаџер беше прославено за време на свеченоста организирана на Комората за трговија и индустрија на Клуј, во бизнис клуб Д-р Августин Рату.

На дипломираните студенти по овој повод им се доделени сертификати за европски енергетски менаџер, издадени од Комората за трговија и индустрија Nurnberg- Германија.

повеќе >>


 

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Најголемата CHP централа на биомаса
ќе се изгради во Велика Британија
 

13.08.2015

Централата на обновлива енергија - The Tees, ќе биде лоцирана во пристаништето Teesside во Middlesbrough, ќе има капацитет од 299 мегавати, со можност да обезбеди со енергија 600.000 домаќинства во Велика Британија. Централата вреди £ 424 милиони, за енергенс ќе користи дрвени пелети од одржливи шумските ресурси на САД и  Европа, а ќе биде изградена од страна на Abengoa и Toshiba. Предвидено е централата да се изгради до јули 2018 година. Фабриката ќе заштеди околу 32 милиони тони CO2 во предвидениот животен век од над 30 години.

повеќе >>


 

БУГАРИЈА

Добредојде за Бугарија во EUREM

06.08.2015

Бугарија, преку проектот EUREMplus, стана членка на мрежата на EUREM. На 24 и 25 септември 2015 година, во Софија ќе се одржи завршниот проектен состанок, со што се комплетира проектот за воведување на програмата EUREM во шест нови земји: Полска, Романија, Хрватска, Бугарија, Кипар и Македонија.

Погледнете го видеото, подготвено од бугарскиот партнер, за проектите за енергетска ефикасност реализирани за време на проектот EUREMplus од 2013 до 2015 година.

Widget Connector
width500
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=-Y8607xKOHk
height325


 

ЕВРОПА

Европскиот крајбрежен ветер го сруши рекордот за инсталирана моќност

31.07.2015

Европскиот крајбрежен ветер го сруши рекордот за инсталирана моќност со годишен капацитет постигнат за само шест месеци во 2015 година, според бројките потврдени од Европската асоцијација за ветарот енергија (EWEA).

Крајбрежните инсталации на ветер стигнаа до повеќе од 2,342 MW, затоа што многу проекти се завршија оваа година, но беа развиени и поголеми и помоќни турбини. Ова претставува три пати поголемо зголемување на капацитетите поврзани на мрежа во споредба со истиот период минатата година. Со тоа, во моменот, вкупниот инсталиран капацитет на крајбрежните инсталации на ветер е 10,393 MW низ 11 земји.

Вкупно 584 турбини на ветер во целост беа поврзани во енергетската мрежа во текот на првата половина од 2015 година. Просечната големина на инсталацијата се зголеми на 4.2 MW во споредба со 3.5 MW од претходната година, бидејќи производителите продолжија да развиваат поголеми модели со повисоко енергетско зафаќање.

повеќе >>


 

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

Преглед - Неостварливи, но сите
важни цени на јаглеродот

23.07.2015

На 30 ноември 2015 година во Париз, со големи очекувања, ќе започне 21-та седница на Конференцијата на Страните (COP21) на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против климатски промени (UNFCCC). Во овој контекст, финансиската цена доделена на емисијата на CO2 е од суштинско значење, бидејќи таа е пресуден фактор во одлучувањето кои мерки за ублажување и адаптација се вредни за дискусија. Овој напис се осврнува на различни пристапи за утврдување на цената на јаглерод, нејзините големи варијации во целиот свет и изгледите за унифицирана рамка.

повеќе >>


 

ПОЛСКА 

ПОЛСКА - партнер на EUREM 

20.07.2014 

Damian Chłodnicki, инженер во хемиската фабрика за сулфур "Siarkopol" СА - учесник во EUREM тренингот организиран во Полската Стопанска Комора, го претстави својот проект и доби награда за најдобар проект на 6-тата Меѓународна конференција на европскиот енергетски менаџери во Прага. Честитки! 

Погледнете видео од проект за енергетска ефикасност во централа за производство на топлинска и електрична енергија Black Red White S.A. во Полска Наскоро соработка со Полската Стопанска Комора за реализација на Distance Learning обуки за EUREM во Македонија.

Widget Connector
width500
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=KV5RSmupyHQ
height325


 

АВСТРИЈА 

Како record thermoelectra
ја преобразува топлината во струја

15.07.2015 

Т.н. термоелектрика може директно да ги конвертира температурните разлики во електрична енергија. Поради оваа причина, овие материјали се сметаат за ветувачки енергетски опции на иднината. Овој процес особено добро функционира во комбинацијата на железо-антимон. 

повеќе >>


 

ЕГИПЕТ

ЕГИПЕТ е дел од мрежата EUREM

14.07.2015

Oli Age се приближува кон својот крај: трошоците за енергија се зголемуваат и рушат рекорди. Се чини дека нема промена во трендот, бидејќи потрошувачката на енергија рапидно се зголемува во новоиндустријализираните земји  - ова се зборовите со кои на Египетскиот портал на EUREM се опишува обуката и потребата од истата и во Арапските земји, кои повеќето се познати производители на нафта и природен гас. Уште од 2012 година Египет е парнер во ЕУРЕМ мрежата, а безбројни се проектите за енергетска ефикасност и обновливи извори во со сонце богатиот регион

Г-н Amr Khalifa е одговорен за реализација на обуката во Германско-арапската индустриска и стопанска комора во Каиро.

повеќе >>


 

УРУГВАЈ

Во МОНТЕВИДЕО со EUREM

10.07.2015

Дваесет и еден уругвајски есперт се приклучија на глобалната мрежа на Европските енергетски менаџери (EUREM). Секретарот за енергетика на Уругвај, Dr Ramón Méndez, ги промовираше експертите со своите меѓународно признати сертификати за време на прес-конференција од претседателската палата.

Практичната имплементација на овие проекти може да доведе до годишна заштеда на енергија во Уругвај од 2 милиони американски долари, исто така и намалена емисија на 11.000 тони CO2 секоја година. Dr Ramón Méndez  е задоволен што постои поголем интерес во Уругвај, како локација за инвестирање во обновливите извори на енергија. Програмата EUREM веќе се спроведува во Аргентина, Бразил, Чиле, Египет и Мароко, а програмата е во развој и во Индија.

Во Европа, освен во земјите на ЕУ, обуката EUREM се реализира во Македонија.

повеќе >>


 

ЕГИПЕТ

Египет ја зголемува цената на гасот
произведен од италијанските Eni и Edison

06.07.2015

Договорите се најновиoт потег од страна на египетските власти за подобрување на условите за странските бизниси со нафта и гас, со надеж дека конкурентните цени ќе ги стимулираат инвестициите во земјата. Министерството за нафта потпиша договор со кој  е изменета цената за гас со Ени до максимум 5,88 $ за секоја милионита топлинска единица и минимум од $ 4, врз основа на произведените количества или покачување од $ 2,65, според EGAS официјален претставник.

повеќе >>


 

ФИНСКА 

Oбука за EUREM

03.07.2015

Почеток на нова група за EUREM обука во Хелсинки, Финска. Helen Oy:n Timo Marttinen ја доби наградата за најдобар проект за енергетска ефикасност во категоријата на големи компании на последната конференција за енергетски менаџери во Прага.

Обуката за eнергетски mенаџери ја имаат завршено повеќе од 4 000 луѓе во повеќе од 30 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Финската AEL ја организира ексклузивно оваа обука повеќе од 5 години. Следната група ќе започне со настава на 25.08.2015 во Хелсинки.  

Повеќе информации >>


 

Македонија 

МАКЕДОНИЈА

Македонски енергетски ден 2015 

29.06.2015  

Доделувањето на меѓународните сертификати, издадени од Индустриската Комора на Нирнберг, Германија, за македонските Европски енергетски менаџери EUREM - учесници на обуките во 2014/2015 година, се одржа EUSEW настан на 29 јуни 2015 година.

Сите учесници на обуките изработија комплетни технички-финансиски проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, кои беа презентирани и одобрени од Комисијата на обуката.

повеќе >>


 

Македонија

МАКЕДОНИЈА

Делегација од Нирнберг ќе пристигне во Скопје со првиот директен лет на Wizz Air

01.07.2015 

Денес во 18 часот, на аеродромот “Александар Велики” ќе пристигне официјална делегација од збратимениот град Нирнберг, Германија. Најмалку 115 компании од Нинберг и регионот се активни во Македонија изјави Markus Lotzsch - Претседател на Индустриската Комора на Нинберг при посетата на делегацијата на ЕУРЕМ МК во седиштето на ЕУРЕМ Конзорциумот во Нинберг.

повеќе >>


 

Германија

ГЕРМАНИЈА

EU Funding for Energy 2015:
Финансирање на енергетски
проекти во Европа

11.06.2015

ЕУ фондовите и инструментите за финансирање може да ги ко-финансираат вашите инвестиции или истражување во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија! Европската унија има развиено нови програмите за финансиска поддршка за енергетски проекти во и надвор од Европа. Главен фокус на претстојната конференција EU Funding for Energy 2015: Financing Energy Projects in Europe која ќе се одржи во Берлин, Германија на 27-28 август 2015 год. се:

  • достап до информации за нови можности на ЕУ за финансирање за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија
  • постапка за развивање на успешни предлози во енергетски проекти
  • форми на финансирање енергетски и истражувачки проекти со ESI фондовите и Horizon 2020 и како да се аплицира
  • финансиски инструменти на EIB за енергија и како да се аплицира за нив
  • регионални фондови на ЕУ за финансирање на малите и средни претпријатија
  • нови правила за државна помош за проекти за енергија и животна средина

повеќе >>


 

Македонија

МАКЕДОНИЈА

Стартува проект за зголемена енергетска ефикасност во индустријата 

28.05.2014

Во присуство на министерот за економија Беким Незири, заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, претставници на Агенцијата за енергетика, Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на ЕУ, УНИДО, донаторската заедница, деловните субјекти, научната јавност, националните консултанти и невладините организации,  денеска се одржа почетниот состанок во рамките на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, финансиран од  програмата на ГЕФ.



ЧЕШКА

6-та Меѓународна EUREM конференција
- со енергетска ефикасност до посилни
национални економии

24.04.2015

Од 20 до 24 април 2015 година во Прага се одржа Шестата конференција на EUREM (European Energy Manager - EUREM), со цел размена на искуство на повеќе од 170 енергетски менаџери од 19 земји. Конференцијата понуди широк спектар на тематски работилници и голем број проекти за подобрување на енергетската ефикасност, изработени од посетителите на EUREM обуките во различни земји ширум светот. На крајот од Конференцијата беа доделени EUREM награди за најуспешните проекти во секоја од следните три категории: мали, средни и големи компании.

повеќе >>

 
 
Note
iconfalse
titleВести - архива

АРХИВА НА ВЕСТИ
за економија, екологија,
енергетика - енергетска ефикасност

Panel
iconfalse
titleВИДЕО содржини

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=ypbEzQYkDTY
height150


Колку можете да заштедите? 

EUREMplus Video Macedonia
14 декември 2015
 

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=yDwAI97oqxs
height150



EUREM Plus Kick-off Meeting,
Ninberg-Germany,
12 September 2013


(83,8 MB, .wmv, 13:44 min)



Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=-Y8607xKOHk
height150

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=NlBHd5ik9iY
height150

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=OXRSQvokM7M
height150

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=UET0YTishk0
height150

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=KV5RSmupyHQ
height150



Митре Арсовски, Паричник, ноември 2013

(87,7 MB, .wmv, 23:54 min)

(74,1 MB, .wmv, 19:36 min)



Митре Арсовски,
Ова е Македонија,
декември 2013

(44,4 MB, .wmv, 7:30 min) 



Слободан Софески,
Ова е Македонија,
јануари 2014
 


(100,8 MB, .wmv, 16:34 min) 



Мевљан Тахири,
Паричник
, март 2015

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=ZaQyO2-l8q4
height150

(58:26 min) 



Жарко Трпковски,
Паричник
, мај 2014

Widget Connector
width200
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=XJaN7p_mxPs
height150
(52:58 min) 
Panel
iconfalse
titleКОЛУМНИ И АНАЛИЗИ

Информации од Македонија и регионот за проекти и настани од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија - КОЛУМНИ и АНАЛИЗИ на проектите низ призмата на економијата, екологијата и енергетиката

...