Versions Compared

Key

  • This line was added.
  • This line was removed.
  • Formatting was changed.

Eвропска Energy Manager програма за обука

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења.

Од 2009 година EUREM функционира континуирано во 22 земји во Европа и уште 10 земји во светот (Азија, Африка и Америка).

Со Проектот EUREMPlus 2013-2015, финансиран од IЕЕ (Intelligent Energy Europe Programme), европската Energy Manager мрежа ќе се прошири во уште шест европски земји, меѓу кои и Македонија.

Проектот EUREMPlus е раководен од Индустриската стопанска комора на Нинберг од Германија, а имплементатор во Македонија е КОСМО Иновативен Центар, со поддршка од Министерството за економија и Стопанската комора на мал бизнис на Македонија.

Цели на програмата

  • пренесување на компетентни квалификации на учесниците за сите технички можности за намалување на потрошувачката на енергија во претпријатијата

  • пренесување на знаење на учесниците за оптимизација при набавките на енергија, како и за можностите за трговија со енергија и емисија на CO2

  • градење на потребните менаџмент-компетенции: управување со енергетски податоци, економски пресметки, купување/продажба на енергија и управување со проекти

  • изготвување проект за енергетска заштеда за време на обуката (енергетски концепт), како директен доказ за успешно намалување на трошоците за енергија во претпријатието и брзо враќање на инвестицијата

  • размена на искуства на учесниците во обуките за електронскиот форум за да се спаси континуираната енергетска оптимизација во претпријатијата

  • градење и одржување на европската мрежа на Energy Manager-и

 

Целна група

Вработените во претпријатијата кои ги вршат следниве функции:

  • менаџер на фабрика или менаџер на производство
  • енергетски претставник
  • процес инженер или оперативен техничар
  • менаџер на објект
  • менаџер за одржување
  • консултанти (подготвувачи на енергетски концепт во компании)
Panel
titleДокажан концепт

EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите.

Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

Panel
titleПотенцијали
- вкупен потенцијал за енергетска заштеда по Energy Manager:
1.920 MWh/a
- потенцијал за намалување на енергетските трошоци по Energy Manager:
77,140 ЕУР/а
- потенцијал за CO2 заштеда на Energy Manager:
843 t/a
Tip
iconfalse

Image Modified


EUREMplus Video Macedonia

 

Widget Connector
width710
urlhttps://www.youtube.com/watch?v=yDwAI97oqxs
height400

 

Note
iconfalse

Excerpt Include
ВЕСТИ
ВЕСТИ
nopaneltrue

Excerpt Include
Вести - архива
Вести - архива
nopaneltrue

Image Modified

The sole responsibility for the content of this webpage lies with the authors. It does not necessarily reflect the opinion of the European Union. Neither the EACI nor the European Commission are responsible for any use that may be made of the information contained therein.